Габата од родот Candida albicans, која инаку редовно живее во нашиот организам, при одредени услови може да и се наруши рамнотежата. Кандидијазата е скоро секогаш последица на авто-инфекција со габичките. Кандидијазата може да се развие локално: слузница (уста, вагина, дигестивен систем) и кожа; и системска. Латинските имиња за оваа инфекција се: candidosis vaginalis, moniliasis vaginalis.
Најчест причинител на кандидијазата е Candida albicans (во 85 – 90% од случаите),Candida glabrat се наоѓа во 5 – 8% од случаите, а ретко (до 4% од случаите) причинители се останатите видови од овој род на габи: Candida krusei, Candida famata, Candida tropicalis, Candida lusitaniae.
Родот Candida е многу хетероген и постојат околу 200 различни видови. Candida albicansе дел од нормалната (физиолошка) флора на човекот, односно микроорганизмот е нормално присутен во здравиот организам. Обично кандидата не е штетна за организмот и живее на слузниците. Таа се наоѓа на слузницата на вагината кај 35% од здравите жени, на слузницата на горните дишни патишта кај 77 % од здравите лица, како и на слузницата на системот за варење кај 85 % од луѓето. Киселоста на вагината и присуството на други, нормално присутни микроорганизми, го одржува бројот на кандидата на слузницата на женските полови органи на многу мали вредности. Извор на инфекцијата најчесто се сопствените кандиди, кои нормално се присутни на слузницата на вагината.
Иако инфекцијата со Candida не се смета за полово пренослива болест, сепак причинителот може да се пренесе преку полов контакт со инфицирано лице.
12-15 % мажи, по сексуален однос со инфицирана жена, ќе развијат симптоми на инфекција, како печење, јадеж и осип на пенисот. Кај мажите, кандидата предизвикува: баланит, постит или баланопоститит. Баланит (balanitis) е воспаление на главата (glans) на пенисот, а постит (postitis) е воспаление на внатарешниот дел на кожниот набор (prepucium), кој ја штити главата на пенисот. Често, со инфекција се зафатени и двете структури, па затоа често се говори за габичен баланопостит (balanopostitis).
Кандидијазата се одликува со појава на непријатен јадеж во пределот на половите органи, со појава на зголемена секреција т.е. присуство на беличест, густ вагинален исцедок, со специфичен слаткаст мирис. Слузниците на вулвата и вагината се црвени, отечени и болни. Половиот однос може да биде болен. За време на мочањето може да се јави пецкање, жарење или болка, бидејќи мочката ја надразнува оштетената површина на слузницата.
Како едноставно, бесплатно и со сигурност да утврдите дали имате зголемено ниво на кандида во организмот, како да ги препознаете симптомите и како да се лекувате.
Кандида салива-тест
1. Пред да одите на спиење, наполнете ја чашата со чиста вода и оставете ја покрај креветот.
2. Наредното утро, веднаш по будењето, плукнете во водата.
3. Не обидувајте се да соберете во устата голема количина плунка, само плукнете го она малку што го имате во устата по будењето.
4. Оставете ја чашата 15 минути.
5. Најдете извор на светлина и погледнете во чашата.
6. Ако вашата плунка останe на површината на чашата или се истопила, со вас сѐ е во ред. Нормално е ако во водата се присутни меурчиња од воздух.
7. Ако водата е матна или во неа се гледаат ленти, кои се спуштаат надолу, или доколку плунката се спуштила долу, постои голема можност дека имате премногу кандида во организмот.
8. Во овој случај се советува да се обратите за совет кај својот лекар или да се обидете да се ослободите од кандидата на природен начин.
Дијагнозата на кандидијазата може да се постави со преглед на надворешните полови органи и со гинеколошки преглед на вагината. При преглед се забележуваат знаци на инфекција: црвенило, оток, оштетена слузница, пукнатини на слузницата, наслаги од беличест секрет на слузниците на вулвата, на вагината и на грлото на матката. Со бимануелниот преглед (преглед со двете раце), гинекологот ја оценува подвижноста и осетливоста на матката.
Дефинитивната дијагноза на кандидијазата се поставува врз база на микроскопски преглед на секретот, земен од слузницата на вулвата, на вагината или на грлото на матката. Микроскопскиот преглед на вагиналниот секрет дава карактеристична слика, така да не се потребни други дополнителни испитувања.
Кај негативен микроскопски наод, се зема брис од вагината и се испраќа на микробиолошко испитување. Со микробиолошкиот преглед се потврдува присуството на кандида и се утврдува нејзинот вид.
Понекогаш се прави и ПАПА тест, со цел да се исклучи евентуално постоење на туморски лезии на вагината и грлото на матката. Ако грлото на матката изгледа сомнително, се прави колпоскопија со биопсија.
Колпоскопијата е дијагностичка метода со која се гледа грлото на матката со зголемување од 6 до 40 пати.
Колпоскопија е дијагностичка постапка која му овозможува на лекарот директена визуализација на слузницата на вагината и на грлото на матката со помош на колпоскоп, кој е еден вид на микроскоп со светло Лекарот прво го премачкува грлото на матката (цервикс) со раствор на оцетна киселина, а потоа користи инструмент сличен на микроскоп т.н. колпоскоп со кој темелно го прегледува цервиксот. Лекарот може потоа да го премачка цервиксот со раствор на јод (постапката се нарекува Schiller тест). Здравите клетки изгледаат кафени, додека абнормалните се жолто пребоени. Оваа постапка може да се изведе во амбулански услови.. На тој начин се гледаат и промени кои не може да се забележат со „голо око“, т.е. без зголемување. Прегледот со колпоскоп може да биде непријатен, но не е болен и трае 5-10 минути.
Доколку при колпоскопијата се забележи сомнителна лезија на грлото на матката, треба да се земе материјал од таа промена (биопсија), со цел да се постави дефинитивна патохистолошка дијагноза.
Кај еден вид на биопсија, лекарот користи инструмент за откинување на мали парченца на цервикално ткиво.
Друга метода која се користи за биопсија е т.н. електрохируршка ексизиона постапка (LEEP). При оваа постапка лекарот користи електична жица за да земе тенок кружен дел од ткивото.
И двата вида на биопсија можат да се изведат во амбулантски услови, со користење на локална анестезија т.е. при самата биопсија, лекарот локално го анестезира грлото на матката. По постапката можно е слабо крварење.
Детален преглед е потребен кај жените кои имаат повторувани инфекции, како и при слаб или никаков одговор на терапијата. Тогаш се прави преглед на целото тело (физикален преглед по системи), лабораториска анализа на крвта и мочката, при што се бараат симптоми и знаци на одредени болести и органски системи.
Што не треба да конзумирате
За да го намалите количеството на кандида габичките потребно е да го намалите внесот на јагленохидратите во исхраната. Наместо рафинирани шеќери, изберете природни производи кои содржат природни шеќери – како свежо овошје. Избегнувајте ја потрошувачката на шеќер и слатки. Шеќерот подразбира разни форми, затоа читајте ги внимателно етикетите на прехранбените производи и внимавајте на присуство на:
- Сахароза
- Фруктоза
- Малтоза
- Гликоза
- Гликоген
- Лактоза
Покрај тоа, избегнувајте ја потрошувачката на мед, јаворов сируп, шеќер, чоколадо, алкохол, пченкарен и оризов сируп. Неопходно е да ја прекинете потрошувачката на производите кои содржат квасец и глутен. Оцет и храна со висока содржина на оцет ја зголемуваат киселоста во системот за варење, па аналогно, треба да се избегнуваат. Ограничете ја потрошувачката на млечни производи со исклучок на киселото млеко.