Ако не сте расположени, станувате депресивни, со „кратки нерви“, нутриционистите предлагаат спасот да го најдете во храната. Тие тврдат дека некои производи може да не направат среќни и да ја подобрат физичката состојба на организмот.
Тагата понекогаш е показател дека ви недостига витамин Д, односно серотонин, затоа јадете житарки со млеко. Личностите кои се под голем стрес и мислат дека срцето ќе им „излезе од градите“, би требало да јадат чоколадо.
Јадејќи лосос или некоја друга риба богата со Омега – 3 масни киселини.
Се напрегате поради ПМС-от?
Јадете житарки и јајца. Раздразливоста ќе ви ја ублажат јаболката, кикирики, зелен чај, кој ќе помогне да ја подобрите концентрацијата.
Во борба против летаргијата, тромоста и безволноста, изедете салата од спанаќ, која ќе ве обезбеди со фолна киселина и ќе ве размрда. Лицата кои не сакаат спанаќ можат да стават грашок, грав или печурки, бидејќи го имаат истиот ефект.