Начинот на кој одиме може да укаже на голем број на прикриени здравствени проблеми, како што се недостаток на витамини или дијабетес. Исто така, одењето ги открива тајните на сексуалниот живот.
Жените кои имаат редовни оргазми одат со долги чекори, а оние кои потешко ги постигнуваат чекорат со помали чекори. Кратките чекори може да ни упатат и на остеоартритис во колковите,проблеми во коленото ,но и оштетување на мускулите предизвикано од премногу чести и долги одења во високи потпетици. Бавното темпо често може да ги открие проблемите со помнењето и заклучоците, но и да биде ран показател за Алхајмеровата болест, открија американските научници.
Одењето без замав на рацете може да упатува на проблеми со грбот, вратот и рамениците. Ако едното рамо се поткренува при одење повеќе од друго, тоа може да биде знак на проблеми со вратот и грбот, предизвикани од седечки начин на живот. Високото дигање на стапалата и тешките чекори може да ни упатат на недостаток на витамин Б12 поради кој се губи чувството во стапалата, но исто така и на шеќерната болест.
И брзината со која се движиме е исто така важна. Луѓето со артритисот поминуваат помалку од еден метар во секунда, додека здравите луѓе чекорат со брзина од 1,2 до 1,4 метри во секунда.