Омега – 3 и Ѓумбирот ги намалуваат болките во колената

Болките во колената може да се појават на секоја возраст, дури и кај многу млади лица, а најчесто ги предизвикуваат : голема оптеретеност, истрошеност на чашките и наслаги.

За да ја спречиме појавата на артроза виенскиот професор Хадемар Банкхофер препорачува лечење со исхрана и тоа внесување на растителни масла, ѓумбир и риба богата со Омега – 3 масни киселини. Банкхофер тврди дека со нанесувањето на природни средства ( масло од камилица, кантарион, маслиново масло, како и азиската „ тигарска маст“) може да се направи чудо. Коренот од ѓумбир исто така има благотворно дејство на овие тегоби : Изренданиот корен нанесете го на коленото, лесно триејќи го, а покрај тоа треба да пиете и чај од ѓумбир.

Банкхофер смета дека од голема помош може да биде и редовното консумирање на морска риба (лосос, харинга и скуша) богати со  масните киселини омега 3, кои ги зајакнуваат зглобовите и срцето, а ги ублажуваат и воспаленијата.

koren-od-gjumbir baner-prodazni-mesta