Рецепт за домашен диетален мајонез

Обожавателите на готвењето кои сакаат да пробуваат нови состојки, сигурно ќе му се радуваат на овој рецепт – брз, лесен и вкусен. Направете домашен мајонез набрзина.

Состојки :

  •  250 мл сончогледово масло
  •  еден прст сол
  •  2 лажици јаболков оцет
  •  1 лажичка сенф
  •  2 жолчки
  •  2 лажички лимонов сок

Подготвување :

Жолчките ставете ги во поголем сад, па потоа додадете две лажички лимонов сок. Потоа додадете сенф, јаболков оцет и сол.

Измешајте ги добро со миксер сите состојки. Намалете ја брзината на миксерот на најслаба и полека долевајте сончогледово масло. Продолжете со мешање, а по потреба додадете уште малку лимонов сок или јаболков оцет. Мешајте додека смесата не стане тврда и мазна. Мајонезот оставете го да се лади во фрижидерот, а потоа послужете го.