Невозможно е секој ден да имате совршена фризура, особено во вакви временски услови. Но, вистинско разочарување се јавува, кога од фризерски салон ќе излезете незадоволни со крајниот резултат. Еве како да ја „спасите“ лошо скратената коса во пет чекори.
1.Дали новата асиметрична фризура сепак не ви стои онака како што сте ја замислиле? Ситуацијата ќе ја спасите со шноли! Изберете ги оние кои речиси не се забележуваат или малку пораскошни со цветови, а со нив прицврстете ја косата креирајќи сосема нова фризура која ќе направи да се чувствувате подобро.
2.Додека повторно да израсне до саканата должина, косата можете да ја испеглате или навиткате со фигаро. Можеби новиот имиџ ќе ви се допадне па на крај фризерската катастрофа за момент да се претвори во ваша омилена фризура.
3.Поробајте повеќе козметички средства за коса, особено кремите, кои на косата и даваат текстура и сјај, додека кај кадравата коса ги нагласуваат кадриците зголемувајќи го нејзиниот волумен. Ако ја „залижете“ со гел и ја соберете во коњско опавче ќе добиете елегантно обликувана фризура која вашето лице и шминка ќе ги истакне во прв план.
4.Кај недостатокот на волумен, особено ако станува збор за слаба коса ќе ви
Помогнат привремените додатоци на копче. Само во неколку чекори ќе добиете коса каква што сте сакале- долга и бујна. Посветете внимание на додатоците да изгледаат поприродно, односно да се колку може повеќе слични на вашата коса.
5. За да ја избегнете несаканата фризура, понесете со себе фотографија со фризура каква што сакате да имате и советувајте се со фризерот дали ќе ви прилега. Доколку новата фризура само по неколку дена не ви се допаѓа, разговарајте со својот фризер кој сигурно ќе ви помогне во пронаоѓањето на некое подобро решение.