Првата, можеби и најважна причина која мора да се знае за маслиновото масло е, дека е потполно природен производ. Екстра девственото маслиново масло е, всушност, чист сок добиен по пат на механичко цедење на маслинките, без додатоци на хемикалии или било каква термичка обработка во текот на овој процес.
Следна причина е фактот дека содржи витамин Е, К и А, како и полифеноли, состојки со високи анти-оксидантни дејства, горчливата состојка – олекантал, сквален, ендоген липид од себецеално потекло кој е предвесник на синтезата на холестеролот.
Олеинската киселина или Омега – 3 масната киселина, ги сочинува дури и до 55 % од 85 % од масните киселини кои ги содржи маслиновото масло. Таа е, всушност, состојката која ги негува нашите крвни садови и го штитат организмот од малигни заболувања.
Маслиновото масло не е хидрогенизирано масло или транс-масна состојка. Транс-маснотиите се наоѓаат во многу билки, дури им се зголемува концентрацијата со преработка на основниот материја, а се нарекуваат и лоши маснотии, бидејќи е докажано неговото дејство по кардиоваскуларниот систем, црниот дроб, процесот на варење на храната. Агенцијата за храна и лекови (Food and Drug Agency) во САД во 2005 година ја воведоа како задолжителна ставка на декларацијата, точното количеството на хидрогенизираните маснотии или лошите маснотии, се со цел за подобар и поздрав избор на производите, особено кај лица на кои им е забранет внесување на маснотии. Важно е да знаеме дека маслиновото масло не и припаѓа на оваа група.
Екстра девственото масло содржи полифеноли, силни анти-оксидантни состојки и мононезаситени маснотии кои допринесуваат за намалување на LDL или „лошиот“ холестерол .
Научниците од универзитетот Оксфорд се уверени дека маслиновото масло е еден од производите кои спречуваат малигнитет, се разбира заедно со свежо овошје и зеленчук. Докажано е дека режимот на диетална исхрана богата со маслиново масло го намалува бројот на малигните тумори на дебелото црево, дојките и туморот на кожата.
Поради добрите маснотии кои во себе ги содржи маслиновото масло вброено е на списокот на производи кои ги препорачуваат светските кардиолози, како заштита, но и како намалување на веќе високиот крвен притисок. Се покажало дека пациентите кои го внесувале маслиновото масло секој ден, по некое време, веќе немале потреба да ги пијат лековите кои дотогаш ги пиеле во рамки на интернистичката терапија.
Невролозите, пак, од друга страна, го препорачуваат маслиновото масло поради неговите благодети за малите крвни садови во мозокот, ја намалуваат појавата на атеросклеротични промени и со самото тоа, ја намалуваат веројатноста од создавање на Алцхајмеровата болест во подоцнежните години.
Ја забрзува и подобрува секрецијата на жолчката и хормоните на панкреасот и на тој начин спречува создавање на камен во жолчката и жолчните канали.
И на крајот, многу е вкусно.
Иако на многу луѓе ова масло им е одбивно поради мирисот или едноставно недоволно познавање на неговите карактеристики, како и животните навики и навики во исхраната и спремање на истата, маслиновото масло секако дека не е ни невкусно, ниту пак непријатно. Екстра девственото масло, ладно цедено, рафинирано, домашно или какво и да купите во продолжение, секое има различен, специфичен вкус, од благо, кремасто, па се до јако, горчливо или дури и со лут вкус
Маслиновото масло секако треба да стане производ кој треба да го користите во спремање на вкусни јадења, затоа што ако не сте го знаеле ова досега, сега го дознавте.