Кога сте поттикнати од добрите идеи умеете да влијаете многу амбициозно на својата околина, но во одредени ситуации и несигурно. Важно ви е да ги остварите целите и барате тим на соработници со слични идеи. Ангажираноста на различни страни остава добар впечаток, но само до одредени граници.
Потрудете се да бидете добро информирани за сите професионални комбинации, во тој смисол проверувајте ги сите важни критериуми кои влијаат на професионалната соработката . Внимателно размислувајте за новите понуди и важните одлуки во вашата кариера. Неопходна ви е нечија под
дршка за да ги остварите своите работно финансиски цели, но во повеќето ситуации соработниците се потпираат на вашата добра волја. Во периодот до 18 септември бидете упорни и доследни во своите намери. Потпрете се на логиката и поддршката која ја добивате од своите4 соработници.
На крајот од месецот прифатете ја работата која подразбира проширено партнерство и заеднички вложувања. Во повремените налети на голема инспирација делувате многу заносно и водите активен друштвен живот, често се наоѓате во состојба да остварите нови или необични љубовни контакти. Сепак, вашето емотивно сознание за одредена личност не е од траен карактер. Не сакате емотивно да се врзете и смислувате повеќе изговори, за да го оправдате своето чудно расположение и однесување. Нема потреба да ја избегнувате емотивната врска или одговорност. Ви импонира сознанието дека се наоѓате пред заинтересирани погледи и дека ги препознавате емотивните знаци, слободно одговорете на разните предизвици во согласност со својот статус и афинитети.
Квалитетот кој произлегува од љубовната врска ја претставува вашата интимна среќа и позитивно влијае на вашата целосна појава или на самодовербата.
ПРЕДЛОГ– присуството на Сонцето и Меркур во шестото поле, покрај поволното влијание на Венера во вашето седмо поле, даваат можност да остварите заеднички или партнерски успех и триумф на различни нивоа. Поволното влијание на Марс , Сатурн, Нептун, Плутон и СМЧ ве наведуваат на голема иницијатива, имате прекрасна можност да напредувате на полето на работа, како и да го разубавите својот љубовен живот или односот со пријателите. Успехот и задоволството произлегуваат од партнерствата или здружувањата. Складниот однос со партнерот позитивно влијае на вашиот интимен сјај и семејната среќа.