Здравата исхрана се состои од различни производи кои содржат бројни хранливи материи и помагаат за правилна работа на метаболизмот. Но, најчесто тие производи не ги спремаме на вистински начин и со тоа губиме големо количество на хранливи состојки. Ви ги откриваме најчестите грешки кои се прават кога се приготвува храна.
Зеленчук
Грешка : Го спремате во микровална печка или го проварувате.
Решение : Варете на пареа, на тој начин ќе ги задржите сите хранливи состојки.
Домати
Грешка : Јадете сиров домат.
Решение : Загрејте го. Доматот, имено, ја намалува можноста од срцев удар, но и помага во борба против рак на простата, благодарение на моќниот антиоксиданс – ликопен. Со загревање нивото на ликопен се зголемува. За најдобри резултати, доматот гответе го во маслиново масло.
Јагоди
Грешка : Ги сечете пред јадење.
Решение : Јадете ги цели, бидејќи содржат 8 -12 одсто повеќе витамин Ц од сецканото овошје. Со сечењето, витаминот Ц го изложувате на светлина и кислород, со што тој ја губи вредноста. Јагодите би требало да ги чувате во замрзнувач на ниски температури.
Смрзнати производи
Грешка : Не купувајте смрзнати производи.
Решение : Почнете да користите и замрзната храна. Многумина од луѓето сметаат дека само свежите производи се здрави. Меѓутоа, британските научници откриле дека смрзнатото овошје и зеленчук исто така имаат високо ниво на антиоксиданси, вклучително полифеноли, витамин Ц и бета – каротен.