Најздравиот чај на планетата, Маслинов чај … Ви откриваме како да го подготвите

Долга е историјата на користење на маслиновото дрво кое може да живее и до 3000 години. Античките Египќани користеле смеси со маслинов лист за мумификација. Маслиновото дрво се споменува во Библијата над 1.000 пати. Иако во денешно време акцентот се дава на маслиновите плодови и неговите производи ние тука ќе ги разгледаме фантастичните својства на маслиновите лисја.

Маслиновиот лист крие бројни лековити својства. Најмногу активно соединение во маслиновите лисја, за  кое најчесто се врзани и терапевтски ефект се нарекува олеруопеин (горчлив монотерпенски гликозид). Всушност, олеруопеинот и производите на неговата хидролитска деградација имаат многу силна антибактериска активност.

Со маслиновиот лист се постигнува  подобрување на состојбата во голем број на болести предизвикани од бактерии – пневмонија, гонореја, туберкулоза, грип, менингитис, жолтица Б, херпес, итн. Исто така е добар и кај инфекции на уринарниот тракт, но и кај хируршки инфекции. Докажано е дека маслиновиот лист, исто така ги спречува инфекциите предизвикани од дејството на габи.

За соединенијата присутни во маслиновиот лист, генерално се смета дека го  зајакнуваат имунолошкиот систем, ја зголемуваат енергијата на организмот, поседуваат антивирусни, антипаразитски, антибактериски и антигабични активности. Ги намалува или дури и целосно елиминира многу здравствени проблеми, го намалува крвниот притисок, нивото на шеќерот во крвта и ЛДЛ ( често  наречен “лош” холестерол, т.е. лошите масти кои се поврзани со развојот на кардиоваскуларните болести) во крвниот систем.

Долга е листа на болести, а особено на патолошки микроорганизми кои соединенијата од маслиновите лисја ги уништуваат. Доколку боледувате од било кој од следниве болести, користењето чај направен од маслинови лисја може значително да придонесе за подобрување на вашата здравствена состојба:

– Срцеви заболувања и регулирање на отчукувањето на срцето

– Високо ниво на масти во  крвта

– Атеросклероза

– Херпес

– Артритис

– Дијабетес

– Синдром на хроничен замор

– Хепатитис А, B и C

– Менингитис (бактериски и вирусни)

– Вагинитис

– Ботулизам

– Дифтерија

– Листерија

– Маларија

– Чир

– Грип

– Воспаление на уринарниот тракт

– Енцефалитис

– Кламидиски инфекции

Прекумерна употреба на содржината на маслинови лисја  може да предизвика брзо исчезнување на микроорганизми во телото и е потребно постепено да се зголеми вносот на чај.

Рецепт како да го подготвите најздравиот чај на планетата:

Маслинов чaj : За еден филџан чај 2-3 дл треба 15-20 сушени маслинови лисја .

Оставете ја водата  да зоврие, ставете ги  лисјата и нека вријат  со неа  2-3 минути. Оставете  листовите да стојат во вода 10 минути и отстранете ги. Не е добро листовите да стојат подолго.Може да се пие ладен и топол со мед, лимон, или без ништо.Чајот треба да го пиете секој ден за да почуствувате резултати кај различни болести. Чајот се препорачува да се пие и како превенција за да се спречат овие болести. Чајот има благ вкус со можеби одвај забележлива горчина.

Листовите за чај е најдобро да се берат во пролет (но не секогаш) кога  се млади, измијте  ги и  ставете ги да се сушат  на место каде има добро струење на воздухот . Да се чуваат во затворен сад, заштитен од светлина ..

Поновите студии потврдија дека маслиновиот чај има повеќе антиоксиданси  дури и од зелениот чај, што го прави меѓу најздравите чаеви на нашата планета во целина.