Иако повеќето луѓе имаат проблеми со висок крвен притисок постои и друга категорија која има проблем со низок крвен притисок. Проблемите на низок притисок првенствено се однесуваат на чувството на замор, поспаност, главоболка, вртоглавица и тешкотии во функционирањето.
Доколку докажано имате низок крвен притисок, ние ви нудиме неколку начини како можете брзо да го подигнете притисокот без употреба на лекови:
1) ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ВНЕСОТ НА СОЛ
Земете една чаша вода и додадете половина лажичка сол во неа. Пијте по потреба или два пати на ден.
2) МЕД
Ако се чувствувате зашеметено поради низок крвен притисок, измешајте две лажици мед во вода , додадете малку сол во неа па испијте ја веднаш. Овој пијалок ќе дејствува многу брзо да се зголеми вашиот крвен притисок.
3) КАЛИНКА
Користење на калинка, кога имате проблем со притисокот е одлично решение затоа што калинката е многу вкусна , а има и други здравствени придобивки за вашето тело,за кои веќе се пишуваше. Може да се јаде, или пие свеж сок од калинка, ефектот е ист: благо зголемување на крвниот притисок
4) КАФЕ
Веројатно најпознатиот рецепт во нашиот регион. Два филџани силно црно кафе малку ќе го подигне вашиот притисок во рок од половина час.
5) ГРОЗЈЕ
Ако не сте знаеле со помош на суво грозје може да го зголемите притисокот. Потребно е 20-30 зрна да ги натопете преку ноќ во голема чаша вода. Наутро или го во текот на денот, испијте ја оваа вода и изедете го останатото суво грозје.
6) ВОДА
Зголемете го внесот на вода. Пијте 8-10 чаши вода во текот на денот и притисокот ќе ви биде повисок загарантирано.
7) ЦВЕКЛО
Пијте сок од цвекло два пати на ден.
НАМАЛЕТЕ ГО ВНЕСОТ НА АЛКОХОЛ
Ако конзумирате алкохолни пијалоци тие предизвикуваат дехидрација на телото, која пак предизвикува намалување на притисокот наредниот ден.
9) НЕ МЕНУВАЈТЕ ЈА ОДЕДНАШ ПОЛОЖБАТА НА ТЕЛОТО
Луѓето кои имаат низок крвен притисок може да имаат проблем кога стануваат од кревет наутро или во текот на нагли промени на положбата. Затоа, кога ќе станувате првин почекајте неколку моменти и неколку пати длабоко вдишете пред тоа.
10) ЛЕСНИ ФИЗИЧКИ ВЕЖБИ
Лесно вежбање и постојана физичка активност како што се одење, возење велосипед, пливање, итн ќе го регулира вашиот притисок без разлика дали е покачен или намален.