Доручек:
Млеко или кафе, двопек (препечен леб) со путер.
Ужина:
Млеко, варено јајце, јогурт и леб со путер.
Ручек:
Супа, месо немасно (телешко, говедско, пилешко) варено. Зеленчук: Компир (само пире), моркови, домати, спањак. Овошје: како компоти, желе или сурово и тоа: јаболки, праска, банана, зрели јагоди. Препорачливо да се избегнува кајсија, цреша, капина, ореви, бадеми.
Десерт:
Сокови, пудинг (од ванила со млеко), кремови со кајмак.
Пијалоци:
Млеко, јогурт, негазирана минерална вода, овошни сокови.
Ужина (во 18.00 часот): исто како и за појадок.
Вечера:
Исто како и за ручек или можна е замена со меко сварено јајце и несолено сирење.
Пред спиење шоља млеко.