Овој лек е пронајден од експедицијата на УНЕСКО во 1971 во еден тибетски манастир, напишан на една глинена табличка. Текстот е приведен на сите светски јазици.
За да се приготви овој лек, потребни се 300 грама лук и 300 грама 96 % алкохол.
Лукот се ситни и се толчи во дрвен аван. Се става во шише или во тегла, се прелева со алкохол и се затвора. Се чува 10 дена на ладно место. Потоа се процедува низ двојна газа. Ваквата течност се држи затворена уште три дена и потоа може да се почне да се користи.
Лекот се зема во вид на капки во 50 грама млако млеко, секогаш по јадење.
Тајната е и во дозирањето на капките:
- Првиот ден се зема за појадок една капка, за ручек 2 капки, за вечера 3 капки.
- Вториот ден се продолжува вака: 4 капки за појадок, 5 капки за ручек, 6 капки за вечера.
- Третиот ден: 7 капки за појадок, 8 капки за ручек, 9 за вечера.
- Четврти ден: 10 капки појадок, 11 капки ручек, 12 капки вечера.
- Петти ден: 13/ 14/ 15.
- Шести ден: 15/14/13. Седми ден: 12/11/10.
- Осми ден: 9/8/7.
- Деветти ден: 6/5/4.
- Десетти ден: 3/2/1.
- Единаесеттиот ден се земаат 25 капки за појадок, 25 за ручек и 25 за вечера.
По единаесеттиот ден се продолжува со иста доза, односно 25 капки и за појадок и за ручек и за вечера, сè додека не се потроши целото количество од лекот.
Курата на лекување може да се повтори дури по 5 години. Лекот се користел на Тибет за спречување од инфаркт, склероза, стенокардија, апоплексија и тумор. Покрај тоа, го ослободува организмот од масните наслаги, ја подобрува размената на материите и еластичноста на крвните садови, го подобрува видот, го спречува шумот во главата, а влијае и за подмладување на организмот.
Ако не верувате во неговата чудесна моќ, пробајте!
Доколку не го поднесувате мирисот или воопшто не го сакате вкусот на лукот користете суплемети – таблети на природна база кои ги задржуваат сите вредности на плодот а сепак нема да остави непријатен мирис во Вашата уста и нема да имате проблем во конзумирањето