Сите корисни информации што не сте ги знаеле за бананите

 

  • Бананите содржат три важни природни шеќери – сахароза, фруктоза и гликоза, комбинирани со растителни влакна. 
  • Бананите претставуваат природна енергетска бомба, а само две изедени банани даваат доволно енергија за 90 минутно вежбање. 
  • Бананата содржи триптофан, вид на протеин кој во телото се конвертира во серотонин, кој го подобрува расположените и е одговорен за среќата. 
  • Бананата содржи витамин Б6 кој го регулира нивото на шеќер во крвта, што може да ги подобри симптомите на пременструалниот синдром.
  • Богати со железо, бананите може да ја стимулираат продукцијата на хемоглобин во крвта и да помогнат кај анемиите. 
  • Ова тропско овошје е богато со калиум, а сиромашно со сол, што го прави идеално за високиот крвен притисок.
  • Студентите кои јадат банани за доручек и попладневна ужина имаат подобри резултати на испитите. 
  • Поради богатството со диететски влакна, бананата во исхраната може да ја врати нормалната дебело-цревна функција и да помогне при констипација.
  • Еден од најдобрите лекови за мамурлак е милкшејк од банана, засладен со мед. 
  • Антацидното дејство на бананата помага при рефлукс на желудечни киселини.
  • Доколку се трие внатрешноста од лушпата на бананата на местото кое е каснато од комарец, успешно се намалкува отокот и иритацијата. 
  • Бананите се идеална храна за оние кои сакаат да се откажат од пушење на цигари поради содржината на витамини Б6 и Б12, кои го релаксираат мозокот и ги намалуваат симптомите од апстиненцијалната криза.

  • Се смета дека лушпата од банана може да ги лекува вирусните брадавици. 
  • Никогаш не ги ставајте бананите во фрижидер.