Кората на мандарината, природен лек против рак

Британските лекари се толку воодушевени од дејството на состојките од кората на мандарината, па своето откритие веднаш го патентирале и основале компанија чија цел била производство на природен лек против карциномите. Кората на мандарината би можела да помогне во борба против туморите.

Всушност, туморските клетки кај човекот содржат ензим P450CYP1B1 се уништуваат под дејство нa супстанцата Salvestrol Q40, која се содржи во кората на мандарините, објавуваат научниците од Leicester School od Pharmacy.

Ова откритие би можело да доведе до нови начини на лекување на туморите на дојката, белите дробови и јајниците.

Медицинскиот хемичар д-р Хун Л. Тан, вели: “Мошне е возбудливо да се пронајде лек во храната кој специфично ги напаѓа туморските клетки. Салвестролот нуди ново решение. Намалениот внес на салвестрол во современата исхрана е последица на тоа што луѓето се помалку ја користат кората на овошјата. Тоа би можело да биде еден од главните причини за појава на некои тумори.”

Откритието е изнесено на Британската конференција на фармацевти одржана во Манчестер. Лекарите напоменуваат дека ова е првиот чекор кон откривањето на лек кој на пазарот би можел да дојде во следните 2-3 години. Истражувачкиот тим е толку восхитен со откритието, што ја основал компанијата Nature’s Defence Investments, преку која сакаат да го заштитат своето откритие.