Чајот од шипка во себе содржи големо количество на витамин Ц, па затоа игра важна улога во одржување на имунитетот. Чајот од шипка се употребува обично во зима, и има позитивно дејство во смирување на настинката и грипот, покачената телесна температура, и сличните симптоми предизвикани од грип. Традиционално, го има во домот на секое балканско семејство.
Овој вкусен чај се користи исто така и за регулирање на работата на гастроинтестиналниот систем, чистење на песок од бубрезите и смирување на урогениталните инфекции. Чајот се дава и за регулирање на конзистенцијата на столицата.
Чајот се конзумира секогаш свежо приготвен и топол. Најлесно можеме да го најдеме во маркетите во филтер кесички, а секако можеме и сами да си го приготвиме, доколку дома имаме шипка. Доколку поинаку не е напишано, чајот се приготвува така што во 2 дл. вода се става една кесичка. Се остава да стои 5 до 10 минути поклопен, а потоа кесичката се вади и се конзумира.