- Кандидата се размножува на влажно и топло место. Затоа обидете се интимниот дел и вешот секогаш да ви бидат суви.
- Носете памучен веш кој ќе и дозволува на кожата да дише. Никако немојте да носите синтетика. Синтетиката и помага на кандидата да се рашири.
- Спијте без веш. Ако не можете да спиете без ништо, тогаш облечете само широки памучни пижами. Кандидата подобро вирее на влага.
- Ако сте испотени веднаш заменете го влажниот веш со сув.
- Избегнувајте секојдневни улошки, парфимирана тоалетна хартија, парфимирани сапуни, вагинални спрејови, детергенти со силен мирис и сл.
- Мијте го инимниот дел со топла вода, во бременоста никако немојте да практикувате внатрешно измивање.
- Избегнувајте да јадете шеќер. Кандидата го користи шеќерот за исрана па побрзо ќе се размножува. Јадете повеќе зеленчук, житарки и протеини.
- Одмарајте, така вашето тело ќе има повеќе сила да се бори со инфекцијата на кандида.
- Многу жени велат дека им помага јогурт збогатен со култура од Lactobacillus acidophilus, која помага во одржувањето на нормалната микро флора.