Фолната киселина неопходна за нашето тело

Фолната киселина како витамин Б9, најчесто се споменува како неопходен додаток во исхраната на бремените жени, но тој е навистина неопходен за секого, за нормално здравје и живот.

Овој витамин поволно делува на метаболизмот, работата на кардиовскуларниот систем, помага против анемија, а докажано е и дека делува превентивно на многу видови на карцином (но помага и при лечењето).

Фолната киселина, исто така, значително ги забавува процесите на стареење на органите.

Неопходноста од фолната киселина

Фолната киселина е неопходна за човековото тело во многу метаболистички процеси. Организмот не може сам да произведува фолна киселина, па неопходно е потребната количина да ја внесеме преку исхраната, а во крајни ситуации преку таблети.

Најголема вредност, фолната киселина има кај бремените жени, за нормален раст и развој на детето, односно: во периодот кој и претходи на бременоста, во текот на бременоста и во времето на доењето на бебето. Утврдено е дека фолната киселина поволно делува на развојот на нервниот систем на плодот и сето тоа се одразува на подоцнежниот живот на детето.

За што сè е важна фолната киселина?

Фолната киселина во исхраната или како витамински додаток во исхраната, многу поволно делува на организмот кај следниве здравствени пробелми: анемија, болести на срцето и крвните садови, депресија, импотенција, некои врсти на рак (превенција и лечење), неплодност, нервозна состојба, несоница, одржување на бременоста, остеопороза, пад на имунитетот, проблеми со доењето, проблеми со крвниот притисок, проблеми со метаболизмот, проблеми со нервите, проблеми во бременоста, против стареење, разни инфекции, слабо помнење, стрес и хроничен замор.
Во кои продукти е застапена фолната киселина?

Фолната киселина е најмногу застапена во овошјето и зеленчукот

Од зеленчукот кој е богат со фолна киселина се издвојуваат: шпаргли, грав, цвекло, брокули, зелка, кељ, карфиол, прокељ, зелено листест зеленчук (спанаќ, блитва,листовите на зелката, листовите на цвеклото, листовите на морковот…), пченка, грашок, боранија и ориз.

Од овошјето богато со фолна киселина се издвојуваат: авокадо, портокал, лимон, банана, грејпфрут, орев и кикиритки.

Покрај овошјето и зеленчукот, фолната киселина се содржи и во пивскиот квасец, јајцата и црниот дроб.

Кога е неопходно да земате фолна киселина во облик на таблети како додаток во исхраната?

Најкорисно е фолната киселина да се внесува во огранизмот преку исхраната, но во некои случаеви можат да користат и таблетите.

Фолната киселина како додатна терапија во вид на лекови (таблети) вообичаено се препорачува на жените кои имаат намера да забременат (и тоа неколку месеци пред бременоста), на жените за време на бременоста и доилките, но секако пред употреба треба да се консултира лекар.

И во останатите случаи, кај разни болести и тегоби, фолната киселина како витамински додаток во облик на таблети треба да се зема исклучително по консултирање со лекар.