Против слабокрвност
Секое утро на гладен стомак треба да се изеде едно рендано јаболко прелиено со сок од половина лимон, 1 лажица шумски мед и 1 лажиче сок од дренки.
Против ишијас
Гнилите јаболка (најдобро е доколку се диви) се одличен лек против ишијас. Болните места едноставно се обложуваат со јаболката, и тоа се повторува со денови сè додека не се почувствува олеснување.
Против меланхонија
Во водата за капење (која треба да биде премногу врела) се додаваат 5-6 лажици јаболков оцет и 1 Л. чај од смрекини бобинки. По 15-минутно капење испијте сок од свежо јаболко со лимон и мед или чаша јаболков оцет.
Против опстипација
Извонреден начин да се регулира столицата и да се отстрани запекот е секојдневно да се зема оброк од 1 печено јаболко со леб или уште подобро, со 1 лажица јачмен, пченица или ‘рж.
За потење
Се сечка јаболкото и се вари во малку вода сè додека не се добие каша, се додаваат мед и лимонов сок и се пие врело. Предизвикува потење, кое е добро при настинка, грип и висока температура.
Храна за доенчиња
Се ренда излупено јаболко и на 1 лажица се додаваат 2 лажици мелени бисквити, 2 лажици шеќер во прав и 1 лажица сок од лимон.
Каша од јаболко – лек за несоница
Обична каша од јаболко го подобрува сонот и ги лекува болестите на крвта.