Научниците од институтот Linus Pauling, истакнаа дека пушачите кои не можат да се одвикнат од овој порок, мораат да внесуваат повеќе витамини Ц во организмот. Дневно доза од 1000 милиграми, витамин Ц, го одржува на здраво ниво витаминот Е, кој е многу важен за одбрана на белите дробови, од штетното внесување на чадот од цигарите.
Витаминот Е, е антиоксиданс, но чадот од цигарите го претвара во материја, штетна за организмот. Сепак со редовно внесување на витаминот Ц, витаминот Е успева да ги изврши своите фукции.
Одлични извори на витаминот Ц, се пиперките, зелката, портокалот, лимонот, кивите …
Овој витамин е осетлив на светлост, воздух и температура, па затоа најдобар ефект се постигнува со употреба на свежи, сурови намирници.
Околу 25% витамин Ц, се губи со готвење, од само неколку минути. Истата загуба, настанува и со смрзнување и одмрзнување на зеленчукот и овошјето. При готвењето од 10-20 минути, се губи повеќе од половина витамин Ц.