Туна & сардина + Омега 3 масни киселини за 100% здраво срце

Рибата, вклучително туната и сардината е здрава храна која му овозможува на организмот омега-3 масни киселини како и други хранливи материи.

Американското здружение за срце, препорачува најмалку две порции риба неделно. Сепак, постои можност при консумирање на рибата да се внесе жива и други штетни материи.

Сардина

Сардините се еден од видовите на риба кои содржат најмалку жива, така што консумирањето на сардина може целосно да ги задоволи вашите потреби за риба.

Агенцијата за заштита на животната средина во САД, препорачува жените и децата да јадат најмногу до 340 грама неделно, независно од видот на рибата.

Туна

Колку ќе биде туната безбедна за јадење, зависи од видот на туна кој се консумира. Скипџек туната и белата конзервирана туна, содржат умерено ниво на жива така што не е препорачливо да се консумираат повеќе од 6 порции месечно.

Жолтоперката туна и конзервираната туна Албакор, имаат поголемо количество на жива, па препорачливо е да се јадат најмногу до три порции месечно. Бигеј и Ахи туната имаат највисоко ниво на жива. Овие видови на туна не се препорачуваат во исхраната и пожелно е да се избегнува јадење на истите.

Факти во исхраната

100 грама конзервирана сардина содржи 210 калории, 24 грама протеини и 10 грама масти, вклучувајќи и 2 грама на заситени масти. Сардините се добар извор на Витамин Б12, ниацин, Д витамин, минерали, фосфор и калциум, а исто така на организмот му овозможуваат внесување на рибофлавин, железо, цинк, магнезиум, Витамин Б6, тиамин, витамин А и фолна киселина.

100 грама конзервирана туна во вода, содржи 120 калории и 25 грама протеини. Туната е добар извор на ниацин, Витамин Б12, фосфор, магнезиум, железо, цинк, рибофлафин и тиамин.

Иако сардината содржи повеќе калории од конзервираната туна, сардините обезбедуваат повеќе витамини и минерали и многу повеќе омега-3 масни киселини, отколку конзервираната бела туна или туната Албакор.

Бидејќи ретко кога се исполнува препорачаната доза на конзумирањето на риба од 2 – 3 пати во неделата, како извор на Омега – 3 масни киселини ги препорачуваме капуслите Dr. Viton Omega 3 збогатен со витамин Е и Витамин D3

Dr. Viton – Omega 3 можете да го нарачате онлајн ➡️
https://alfalab.mk/proizvodi/dr-viton-omega3/

Dr. Viton – Omega 3 може да го набавите во аптеките на: Еурофарм, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети, Зегин… во дрогериите на ДМ-дрогерии и Cosmo – Tinex и сите подобро снабдени аптеки.

Или на телефонскиот број: 02 3218 821
Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот
(Достава до домашна адреса со брза пошта)