ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
- 100 милилитри Сок од Јаболка
- 1 Круша
- 1 Јаболка
- Време за подготовка: 10 мин.
- Време за готвење: 10 мин.
За бебиња од 4 до 6-тиот месец.
ПОДГОТОВКА:
- Излупете ги јаболките и крушите, исчистете ги од семките, па исечете го овошјето на коцкички.
- Сипете го сокот во мал огноотпорен сад, па ставете го на оган.
- Кога ќе се загрее додадете го исецканото овошје.
- Варете го во сокот неколку минути, додека овошјето не омекне.
- Тргнете од оганот, убаво измешајте.
- Оладете и послужете.