Хармонија на телото & умот со Аштанга јога

Аштанга јога е наука и пракса која еволуирала во текот на неколку илјади години. Целта на аштанга јогата е да помогне во ментален, емоционален, морален, физички и спиритуален развој.

Зборот аштанга значи осум краци а ја осмислил големиот индиски мудрец Патанџали, пред повеќе од две илјади години.

Аштанга јога е динамичен облик на хата јога која како јога е и позната на овие простори. Во аштанга јога застапени се два аспекта надворешен (видлив) и внатрешен (невидлив). Видливи се асаните или физичките положби на телото, групирани во серии; додека невидливиот аспект од праксата се состои од три дела: Уџаи (ujjayi) дишење, бандхи ( bandhe) i дришти ( dristhi) .

Асаните или физичките движења се поврзани со винјаси, динамички покрети ускладени со нашиот здив. Према учењето на Шри К. Патхаби Џоис кој кажува дека овие винјаси ја загреваат крвта и ја прават помека со што токсините полесно се исфрлаат од телото.

 

01 ASHTANGA JOGA

Со Аштанга јогата неверојатно брзо се топат килограмите и нашето тело совршено се обликува.

Кај луѓето кој не се бават со ниедна врста на јога крвта е густа и циркулацијата е слаба со што доаѓа до намалена виталност, а со тоа и појава на болести. 

Една од познатите аштанга практиканти е Мадона која своевремено има изјавено дека благодарение на аштангата изгледа младо и совршено бидејќи не само што ја изградила совршената фигура туку го избегнала стресот кој е една од причините за забрзано стареење.

Денешниот начин на живеење сакале ние или не со себе носи голем стрес кој се акумулира во нашето тело, а посебно во нашите мускули при што доведува до блокада на животната енергија да струи слободно низ телото и така го одржува витално и здраво.

Ние секојдневно слушаме за стрес, а дали всушност знаеме како се случува  и како реагира нашето тело на истиот?Стресот се раѓа во нашиот ум, кој ум настојувајќи да биде таму каде во тој момент не е изводливо да биде ,како на пр: сме заглавени во сообракаен чеп и сакаме да бидеме на одредена цел а моменталната ситуација не ни дозволува при што инстиктивно се грчиме и тој грч ја блокира животната енергија која треба слободно да циркулира и така го чува нашето тело од болести и предвремено стареење.

За да се избегне сиот тој стрес ние треба да се центрираме во сегашноста, а за тоа најдобра алатка е Аштанга јогата.

Милиони луѓе во светот го препознале овој вид на јога како совршено орудие против стрес, депресија и вишок килограми…бидете и Вие дел од Аштанга јога семејтвото!

GORAN JOGA 03Мастер по Аштанга јога – Горан Ивановски
Бидете и Вие дел од Аштанга-јога семејтвото & 
започнете со Вашиот јога тренинг навреме!
Локација: Спроти ГЕРМАНСКА АМБАСАДА-Козле
                      077 695 230