Немате енергија? За само 10 минути бидете исполнети со енергија со овие трикови…

За да бидете исполнети со енергија за само 10 минути, следете ги следниве неколку правила кои навистина се делотворни.

Свеж воздух

Иако зимата е на прагот, не заборавјте да излезете малку на свеж воздух. Веднаш ке се почувствувате полни со енергија.

Флерт

Ништо не може подобро да делува на мозокот и на срцето како слаткиот флерт, па кој знае истиот може да прерасне во нова љубов!

Чај

Ако ви недостига енергија, наместо кафе подгответе си топол чај

Ладен туш

Доколку неможете да издржите да се туширате со ладна вода, пробајте барем две минути под ладен туш, веднаш ке почувствувате енергија и свежина.

Музика

За да се чувствувате подобро, исполнети со енергија и добро разположени, пуштете си ја најомилената музика и уживајте.

Шарено

Светли, шарени и весели бои ќе ви помогнат да бидете весели и разположени. Тргнете ги настрана темните комбинации и дајте и предност на вашата фантазија.

Почувствувајте го мирисот на лимонот и портокалот

Самиот мирис на лимонот, односно на витаминот Ц може да ве ревитализира за само неколку секунди и може да биде прав лек против заморот.

Чоколадо

Само малку чоколадо е доволно за покачување на ендорфинот со што веднаш се чувствуваме подобро затоа што има својство слично на опијати.