Предлог појадок: Mини-фини крофни

Сакате вашето семејтво или вашите најмили да ги израдувате со вкусен појадок?
Ова е вистинскиот рецепт за Вас.

Состојки:

Тесто:

● 1/2 коцка квасец
● 150 мл. млако млеко
● 150 мл. млака вода
● 1/3 мала лажичка сол
● 1/3 мала лажичка шеќер
● 500-600 гр. Брашно(по потреба)
● 1 супена лажица масло за јадење
● 1 јајце

Полнење:

● шеќер во прав
● џем/ мармалад/ еурокрем

Подготовка:

● Во млаката вода и млеко растопете го квасецот. Додадете ги солта, шеќерот, брашното, маслото за јадење и јајцето. Замесете го тестото и оставете го 30 минути да надојде.

● Развлечете кора од тестото во дебелина од 1cm и со чаша вадете ги крофните. Вака обликувани, оставете ги уште 5 минути да отстојат, па потоа пржете ги во врело масло. Прво пржете од едната страна, додека не „нарасне” крофната и добие златно-жолта боја, а после превртете ја од другата страна. Од оваа доза излегуваат 17-20 крофни.

● Готовите крофни посипете ги со шеќер во прав или наполнете ги со готварски шприц по ваша желба (со џем, со мармалад или еурокрем).

Добар апетит!