Лава-колачот е совршен чоколаден десерт. Однадвор е сочен бисквит, а однатре е исполнет со течно стопено и топло чоколадо, поради што и овој десерт го добил своето име. Најчесто се подготвува од четири главни состојки: чоколадо, масло, јајца и шеќер.
Во смесата може да се додадат и ликер, портокал и лимон, нане, па дури и чили, а колачите се служат со сладолед, смрзнато овошје или течен крем. Најважно нешто при подготовката на овој десерт е времето на печење, односно многу е важно колачите да се печат токму онолку време колку што е потребно однадвор да се испечат, а однатре да останат во течна состојба.
Просечното време за печење е десетина минути. Десертот се пече во огноотпорни садови од кои, откако ќе биде готов, се превртува наопаку и се засекува во горниот дел, се со цел чоколадото однатре да истече. Доколку немате огноотпорни садови, како замена можете да се послужите и со калапи за мафини.
Потребни состојки:
- Две лажички масло
- 240 грама чоколадо
- 5 јајца
- 200 грама шеќер
- Половина лажичка сол
- 4 лажици брашно
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 220 степени Целзиусови. Исечкајте го чоколадото и потопете го со маслото, постојано мешајќи. Искршете ги јајцата и додадете ги во чоколадото, заедно со шеќерот и солта. Додајте го и брашното, а потоа целата смеса истурете ја во садот за печење, кој претходно ќе го намачкате со масло, путер или маргарин. Колачите печете ги околу 14 минути. Откако ќе бидат готови, декорирајте ги по сопствен избор, а ние ви предлагаме да користите шеќер во прав, чоколаден прелив, и секако, покрај колачот додадете и топка сладолед, крем или неколку парчиња овошје.
Добар апетит !!!