Вежби кои ја намалуваат надуеноста на стомакот и болните грчеви за време на менструалниот циклус

Многу жени обично не вежбаат за време на менструацијата. Но вистина е и дека вежбањето може да биде корисно во тој период. Тоа е затоа што вежбањето ја зголемува циркулацијата на крвта, ја намалува надуеноста па дури и помага во ублажување на менструалните грчеви. Еве неколку вежби за жените кои можат да ги прават во тој период.

Прошетка

Најдобра вежба за време на менструацијата е секако кардио вежба со послаб интензитет. Тоа е затоа што оваа вежба ги забрзува отчукувањата на срцето. Прошетка по соседството ќе ве подмлади и зајакне.

Трчање

Ако се чувствувате немирно и надуено добра идеја е да одите на трчање. Но многу е важно да се има на ум да не го форсирате телото до крајни граници. Треба да се знае кога да се престане со вежбањето. Трчањето ќе ја зголеми циркулацијата на крвта и ќе го подобри вашиот метаболизам. Секогаш пијте многу вода пред трчање.

Аеробик

Аеробикот е одлична вежба за време на менструацијата бидејќи ви помага да се испотите. Аеробикот од половина час сигурно ќе ја зголеми вашата енергија.

Вежби за стомак

Стомачните се одлична вежба кои можете да ги правите за време на менструацијата. Тоа е одличен начин  да ги опуштите вашите стомачни мускули. Вие можете да мислите дека тоа е контрапродуктивно но тоа всушност ќе ви помогне да ја ублажите болката која ја чувствувате поради менструалните грчеви.

Вежбање дома

Кога имате менструација ретко која од нас ќе се одлучи да оди во теретана. Она што можете да направите е токму вежбање дома. Значи наместо да сте во кревет и се валкате по него почнете да правете некои вежби. Факт е дека вежбите за време на менструација ќе ги намалат грчевите и тоа е дополнителна предност.