Анемијата е проблем кој го имаат многу луѓе, особено жените. До анемија може да дојде поради разни причини, некои луѓе се анемични од самото раѓање, други поради различни фактори, a трети со анемија се стекнуваат во текот на животот. Анемичност е состојба каде што постои намалување на бројот на еритроцитите или количината на хемоглобинот во крвта.
Денес, како продолжение на рубриката, да направиме нешто плус за нашето здравје ќе напишеме рецепт со чија примена ефикасно можете да се ослободите од анемијата.
Потребни состојки:
- 100 gr. суво грозје
- 100 gr. сува смоква
- 100 gr. сува кајсија
- 1 лимон
- 100 gr. мед
Начин на подготовка:
Грозјето, смоквата и кајсијата ставете ги во еден сад. Лимонот добро измијте го, исечете го на неколку парчиња и додадете го во садот. Задолжително лимонот да биде со кора. Сите состојки заедно, ставете ги во машина за мелење на месо.
Откако ќе се сомелат ситно состојките, ставете го и медот и добро измешајте.
Секое утро на празен стомак земајте по една лажица од смесата. Практикувајте го ова редовно.
Мораме да напоменеме дека рецептот не е погоден за дијабетичари!