Внимание !!! Само за вистински гурмани, љубители на пилешко и разновидна комбинација на свеж зеленчук, пченка, кашкавал & тортиља чипс. 🙂
Потребни состојки:
За дресинг: 3/4 чаша сос од лук, 1/4 чаша чили сос и 3 супени лажици магдонос.
За пилешкото: 2 цели пилешки гради, 2 супени лажици зачин по избор или микс, 1/4 чаша масло за јадење, 2 супени лажици путер.
За салатата: зелена салата исецкана, 1/4 чаша рендан кашкавал, малку домати, кромид, 2 парчиња авокадо, конзерва пченка и тортиља чипс по ваш избор.
Прво во средно голем сад комбинирајте ги сите компоненти, потребни за дресингот и измешајте. Покријте го садот и ставете го во фрижидер. После тоа подгответе го пилето и обилно поросете од двете страни со зачини.
Загрејте го маслото и путерот во голема тава на средно висока температура. Пржете ги пилешките гради додека не добијат златно кафена боја – по 4 минути на секоја страна. Тргнете го пилешкото од тавчето и оставете да се олади десетина минути после што се сече на коцки.
Во голема чинија додадете ја зелената салата. Врз неа поставете ги коцките пилешко. Продолжете со останатите намирници – домати, авокадо, пченка, кромид, магдонос, тортила чипс и кашкавал.
На крај завршете со додавање на дресингот.
Добар апетит !!!