Боровницата треба редовно да се консумира, бидејќи е природен аспирин кој ја ублажува болката, ја разредува крвта и го спречува воспалението.
Боровинките се тајниот еликсир на младоста и здравјето.
Што содржат боровинките?
Сини или виолетови пигменти, кои го зголемуваат нивото на витаминот Ц во организмот, ја намалуваат фрагилноста на капиларите, ги неутрализираат слободните радикали, го спречуваат разорување на колагенот и ги штитат водените и масните делови на мозокот од оштетување.
Научниците сметаат дека боровинките може да го забават процесот на губиток на меморијата настанат со текот на годините, и да ја поправат моторната способност.Витамин Ц, Е, Б2 и Б3. Витаминот Б3 ја потпомага функцијата на дигестивниот систем, допринесува за здравјето на кожата, нервните клетки, крвните садови и го намалува штетниот холестерол (ЛДЛ) и триглицеридите, а го зголемува добриот холестерол (ХДЛ).Кахетин, кој го активира генот за согорување на маснотиите. Според истражувањето во Универзитетот Туфус, редовниот внес на кахетин го зголемува губитокот на масното ткиво за 77%.
Големи концентрации на магнезиум, манган и калиум.
Чајот лекува дијабетес
Чајот од боровниките е одличен за дијабетичарите. Тој се прави од сушени врвови на млади гранчиња и цвет од боровинки, додека на нив сеуште има смола. Гранките се сушат на проветрено и на темно место, а процесот трае 15 дена.
Плодовите од сушени боровинки ги задржуваат сите осовбини на свежи плодови, ако процесот на сушење е правилно изведен, а тоа значи и константна температура од 40 степени.
Замрзнатите боровинки се исто така добри, а за да ги сочуваат својствата, не смеат да бидат длабоко замрзнати. Кога така се чуваат, здрави се за консумација и во колачи и пити.