Стресот е главен виновник за вишокот килограми

Човечкото тело е неверојатен систем , кој произведува заштитни реакции на стрес. Телотот го прима стресот како вишок на енергија која потоа ја преточува во масти доколку истата не е искористена за физички активности.

Телото не знае на кој начин е загрозено, но  сепак чувствува дека  е. Кога  е под стресно влијание тоа се  брани со складирање на енергијата во вид на  масти. Тогаш го лачи хормонот кортизол, кој го стимулира производството на масти, особено околу абдоменалната регија.

Постојат два типа на стрес : емоционални и психолошки. Повеќето од нас се запознаени со емоционален стрес, кои сите ние го имаме прифатено како дел од брзото темпо на живеење. Еден од начините во борба против стресот се вежбање и релаксација. Меѓутоа, поради преголемиот стрес на кои сме изложени понекогаш тоа може да изгледа дека без разлика колку ние  и да практикуваме спорт едноставно неможеме да ја изгубиме вишокот тежина.

Еве на што треба да се обрне особено внимание:

Храна

Најдобар начин да  саботирате диета е да го прескокнете појадокот. Вашето тело не знае кога да го добиете следниот оброк, и го успорува метаболизмот и прави складиште на масти. Решението е да се јаде почесто но помали оброци .

Земајте три главни оброци и подели ги на половина. Јадете за појадок во 7, 9 часот втората половина и така натаму. Јадете многу протеини, шарено овошје и зеленчук. Јадате повеќе во првата половина на денот, и во текот на денот намалувајте го внесот на храна.

Вода

На телото му треба вода за да преживее. Повеќето луѓе се дехидрирани. Ако урината не е светло жолта боја , тоа значи дека телото е дехидрирано, имате токсини складирани во телото  и вие сте  изложени на стрес. Кога сте дехидрирани, не само дека телото се акумулира повеќе масти , но исто така задржува вода. Најдобар начин да се реши овој проблем е да се пијат минимум осум чаши вода на ден.

Сон

Недостатокот на сон може да предизвика прејадување. Неодамнешните студии покажаа дека количината на хормонот грелин,  кој е одговорен за глад, се зголемува за време на лишување од сон. Грелинот го стимулира  складирањето на мастите, особено во пределот на стомакот .

Не се вознемирувајте во врска со губење на телесната тежина , затоа што еднаш  кога вашето тело ќе се чувствува сигурно, тоа само  ќе почне да се ослободува од  вишокот килограми. Подобри резултати може да се постигне соодветна грижа за себе и вашето здравје отколку што ќе успее со било која диета .

Затоа хранете се почесто но помалку, спијте повеќе и квалитетно и пијте повеќе течности особено вода .