Коприва & невен, најдобрите прочистувачи на телото од токсини

Чистењето на организмот од токсините е од суштинска важност за нашето тело. Неколкупати во годината мораме да помислиме и на ова, особено во пролет и во есен кога не очекува драстична промена на времето.

Дочекајте ги подготвени ниските температури и направете детоксикација и чистење на телото на природен начин. Особено е важно прочистувањето на црниот дроб, бубрезите и мочните патишта. Секако пред редовна детоксикација на организамот мора да бидете уверени дека сте ги оставиле или минимализирале секојдневните пороци, како што се цигарите.

Во периодот кој сте го избрале за чистење на организамот намалете го внесувањето на алкохол и кафе и дозволете му на организамот да функционира правилно.

Според многу познавачи, постојат многу природни препарати и растенија кои се одлични за детоксикација на телото, но копривата, невенот, нането и зелениот чај се растенија кои го делат првото место.

Овие растенија се одлични прочистувачи на организамот. Користете ги како чај и не ги засладувајте. Тие ќе ги прочистат цревата, бубрезите и црниот дроб, а антоксидантите кои ги содржат ќе ве ослободат од слободните радикали во крвта. Тие исто така и ќе ве смират, а ако се работи за коприва ќе биде идеална за подобрување на крвната слика.

Чајот од коприва или од некое друго горенаведено растение, користете го три пати дневно, половина час после оброк. Се препорачува чајот да го пиете пополека, така што истиот ќе има посилен ефект врз телото.