Седењето ги ослабнува мускулите на задникот и нозете и предизвикува затегнатост во колковите, што потоа доведува до хронични болки во грбот. Со намалување на времето поминато во седење се намалува и ризикот од смрт од кардиоваскуларни болести за 42%.
Исто така, некои истражувачи сметаат дека со поголема подвижност не само што се ослободува поголема енергија, туку се активира и клучниот ген за согорување на мастите во нозете.
Организирајте го времето за да можете во текот на работниот ден и да стоите и да седите – идеално би било на 45 минути стоење да дојдат 15 минути седење. Дури 50% од луѓето кои работат на стол се жалат од болки во грбот. Најголемата причина за ова е неправилното седење. Бедрата треба да бидат под прав агол со остатокот од телото, нозете лесно раширени, грбот исправен, рамењата наслонети наназад.
Додека работите на тастатурата, рацете треба да бидат поставени под агол од 90 степени, додека очите треба да бидат на исто ниво со мониторот. Започнете со 20 минутно стоење на секој час и потоа постепено зголемете го времето како што ви се подобрува физичката кондиција. Доколку во вашата канцеларија не постојат услови за стоење, тогаш обидете се со некои вежби за опуштање на мускулите по долгото седење.