Во древната индијска медицина ајувреда, босилокот е главна состојка на многу препарати и важи за една од најлековитите билки, а неговото благотворно дејство на здравјето го потврдуваат најновите истражувања.
Според резултатите ос студијата спорведена во Универзитетот Барода во Индија, овој популарен зачин содржи антиоксиданси кои се одлични адаптогени кои ги смалуваат негативните последици од стресот, истовремено го зајакнуваат одбрамбениот систем на организмот.
Босилокот обилува со витамин Ц, калиум, форсфор и има снажно анти бактеријско, антивирусно и антифунгицидно дејство и е проверен лек за разни инфекции. Индијските научници утврдиле дека помага при контрола на шеќерот во крвта , а бидејќи го намалаува нивото на холестеролот е моќен заштитник на срцето и крвните садови. Истотака позитивно делува на варењето и дишните органи.