Што е поздраво путер или маргарин ?

Маргаринот е направен од растителни масла и не содржи холестерол. Исто така, маргаринот содржи поголемо количество на “добри“ масти – полинезаситени и мононезаситени за разлика од путерот. Тие типови на масти помагаат во намалувањето на LDL или “лошиот“ холестерол. Од друга страна, путерот е направен од животински масти и содржи холестерол и високи нивоа на заситени масти. 

Но, сепак, не сите маргарини се исти по состав – некои можат да бидат дури и полоши од путерот. Воопшто, колку што маргаринот е поцврст, толку повеќе содржи штетни масти кои го зголемуваат холестеролот и ризикот од срцеви заболувања. Секогаш кога тоа е можно, употребувајте помек маргарин.

Кога одбирате маргарин или путер, секогаш проверете ја ознаката за нутриционите вредности и обратете внимание на тоа колку заситени масти содржи производот. Одлучете се за оној производ кој што има најмалку масти во својот состав. Исто така, бирајте ги и оние производи кои имаат многу мал процент на холестерол.

Ако не Ви се допаѓа вкусот на маргаринот и не сакате да се откажете од путерот, користете т.н.р. “лесен“ (light) путер или одберете производ кој што е комбинација на путер со маслиново масло. Тие производи содржат помалку маснотии и калории за разлика од регуларниот путер.