Секс факти за секоја жена

Ова се факти кои некои жени ги знаат а некои не, но сигурни сме дека би било корисно да ги спомнеме. За некого можеби ќе звучат бизарни, но докажано се точни.

Со задржување на урина до подобар секс

Најголем дел од жените кои го познаваат своето тело, знаат дека малото задржување на урина го прави сексот повозбудлив. Сепак, тоа задржување на урина треба да биде контролирано, односно да има мал притисок на мочниот меур. Што поголем притисок тоа поголемо уживање, но доколку мочниот меур е многу полн може да дојдете до незгодна ситуација.

Мажите после сексот редовно се поспани

Да, ова е неоспорлив факт. Мажите после сексот се поспани бидејќи за време на сексот мускулите на срцето работат напорно и се лачат хормони кои го стабилизираат телото и полека го успиваат.

Немојте да се грижите доколку вашиот партнер биде поспан после сексот, бидејки тој има само нормална телесна реакција како и сите останати и немојте да го оценувате како мрзелив поради тоа. Доколку сакате да остане буден после сексот, најдете му занимација, на пример предложете му заедничко туширање, бидејќи ако започне со одморот тешко дека ќе го убедите на било што.

Сексот станува се подобар со годините

Сексот со годините станува подобар, и тоа е точно. Присетете се само на вашите почетоци како тогаш а како сега го практикувате сексот. Сексот со годините станува досаден – со овој факт никако не се согласуваме, бидејки вашето искуство, но и вашата фантазија ве градат на ова поле. Затоа бидете свои и секогаш експериментирајте, така ќе се усовршувате себеси и ќе го задоволите партнерот.