Сезонската храна како кисели краставички и бамја помага во детоксикација на организмот, а вкусните цреши и малини не снабдуваат со витамини и минерали за зголемување на имунитетот.
Црешите се здрави, а не дебелеат
Потеклото им е од Турција, од каде што се раширија низ целиот свет, а поради нивните лековити состојки наречени се и супер овошје. Тие содржат витамини Ц, Б и А, биофлавоноиди и мелатонин, а докажано го намалуваат ризикот од малигни заболувања и срцев удар. Свежите цреши се исто така одлични за зголемување на енергијата и отстранување на заморот и благодарение на високиот процент на бор минерали, имаат благотворно влијание врз коските. Една цреша во просек содржи само околу четири калории.
Краставиците го чистат телото од токсини
Овој зеленчук потекнува од Азија, а први неговите роднини, се тиквичките и лубеницата. Благодарение на голем процент од водата, краставицата дејствува како диуретик и е одлична за детоксикација на телото бидејќи ја стимулира работата на бубрезите и жолчката. Таа е богата со хранливи состојки, пред се калиум, фолна киселина и витамин А. Една чаша сецкани краставица содржи само 14 калории, а често се користи за смириување на различни воспаленија на кожата, како и заболувања на непцата.
Малините се сојузник во диетите и пријател за убав тен
Покрај тоа што се исклучително вкусни се и многу здраво овошје. Истражувањата покажуваат дека само 125 гр малини го намалуваат ризикот од рак, се регулира крвниот притисок, тироидната жлезда и се стимулира работата на цревата. Малините се богати со витамини Ц и Е, како и со елагична киселина, која го потикнува отстранувањето на масти од крвните садови.
Бамјата го регулира шеќерот, но исто така делува како афродизијак
Бамјата е едногодишно растение чија берба започнува во јуни и трае до октомври. Таа доаѓа од Арапскиот Полуостров, но многу добро успева и во овие простори, а особено во Босна и Херцеговина. Богата е со витамин Ц, фолна киселина и железо. Лековито делува на воспалението на желудникот и цревата, а содржи и влакна кои помагаат да се стабилизира шеќерот во крвта. Во арапските области бамјата е позната и како афродизијак.