Кога жените ќе помислат на болест што може да им го загрози животот, помислуваат на рак. За мажите тоа е срцето. Но, според последните статистики срцето не им е слаба точка само на мажите.
Срцевите болести станаа водечка причина за смрт кај женската популација и тоа почеста од сите типови на рак собрани заедно. Бројката на починати од срцева болест на годишно ниво изнесува 400.000 – тоа значи дека скоро секоја минута една жена умира од срце.
Дали бевте свесни за ова досега?
Без оглед колку е загрижувачка оваа информација, добро е да знаете дека има начин да го заштитите срцето, а тоа не подразбира кој знае каков влог. Откажувањето од цигарите и воведување спортски активности е добредојдено, но ништо не менува како здравата исхрана. Зошто? Бидејќи, само преку храната ќе успеете истовремено да ги контролирате сите ризик фактори од срцеви болести – висок крвен притисок, прекумерна тежина, холестерол.
Што треба да јадете повеќе?
МАСНИ РИБИ: Рибите што живеат во ладни води како лосос, харинга, пастрмка, се богати со омега-3 масни киселини кои се особено добри за срцето. Целете на минимум два оброка во неделата.
ЈАТКИ: Студијата од 2010-та сугерира дека консумирањето околу 70 грама ореви, бадеми, кикирики, лешници, бразилски ореви, ф’стаци, макадамија (вид орев) секој ден, го намалува севкупниот холестерол и ЛДЛ (лошиот) холестерол.
МЕШУНКИ: Само една порција грав, грашок, леќа или леблебија (околу три четвртини шолја во салата), може да го намали нивото на лошиот холестерол за 5 %.
ДОМАТИ: Содржат признат антиоксидант – ликопен што го намалува ризикот од мозочен удар и инфекција. Дневното мени треба да се состои од 5 до 7 порции од зеленчук и овошје.
ОВЕС: Истражувачите открија дека соединенијата наречени авенантрамиди (ги има само во овесот), делуваат како одлични антиоксиданси и имаат антивоспалително дејство.
Избегнувајте да јадете?
ПРОЦЕСИРАНА ХРАНА: Држете се настрана од белиот леб и другите рафинирани јаглеродни хидрати; изобилуваат со многу додаден шеќер.
ЦРВЕНО МЕСО: Студиите покажаа дека луѓето кои јадат говедско, свинско и/или јагнешко три пати во неделата носат поголем ризик од кардиоваскуларни болести. Најверојатно тоа се должи на Л-карнитинот, состојка што ја има во месото, а што ја поврзуваат со слаби артерии. Јадете црвено месо само еднаш во неделата.
БЕЛКИ ОД ЈАЈЦЕ: Внимавајте на производите што можат да го качат холестеролот. Идеално, треба да ја ограничите дневната консумација на 200 милиграми (една голема белка содржи 250 милиграми холестерол).
СОЛ: Намалувањето на натриумот е клучен потег во битката со високиот крвен притисок. Целете да ја ограничите консумацијата во денот на 1.500 милиграми и помалку. Бидете сигурни дека рецепторите за вкус ќе се навикнат на помалку солена храна, само дајте им шанса.
Омега-3 суплементот е задолжителен за сите!
Бидејќи никој од нас не јаде риба секој ден, Dr. Viton Omega 3 капсулите се задолжителна превенција. Секоја капсула содржи 1.000 милиграми природно рибино масло плус витамин Е и Д3 за штитот на срцето да биде комплетен. Готовиот омега-3 суплемент научно докажано ги постигнува следните бенефити:
- Ги намалува триглицеридите, во просек за 15 до 30 %
- Го намалува нивото на крвниот притисок кај луѓето со висок крвен притисок
- Го покачува нивото на ХДЛ или добриот притисок
- Спречува згрутчување на крвта, а со тоа го намалува ризикот од тромбоза
- Го намалува лачењето на лошите супстаници во текот на воспалителниот процес
- Ги одржува артериите мазни и спречува таложење на штетни материи кои ги запушуваат и стврднуваат
Dr.Viton OMEGA-3 (E+ D3) е достапен во аптеките на: Еурофарм, Виола, Галениум, Бети, и во други подобро снабдени аптеки, а го има и на рафтовите во ДМ-дрогериите и Cosmo – Тинекс!
Нарачај го веднаш онлајн: https://alfalab.mk/proizvodi/p-dr-viton/omega3
или на телефонскиот број: 02 3218 821 (Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот)
Dr.Viton OMEGA-3 ќе ти го доставиме на твојата домашна адреса со брза пошта