Притисокот во артериите може да се зголеми на повеќе начини. Прва е можноста срцето да пумпа крв со поголема сила, притоа исфрлајќи поголема количина на крв. Втората можност за покачување на притисокот е состојба во која големите артерии поради атеросклероза (таложење плак во ѕидовите) се стеснати и не можат доволно да се шират кога срцето исфрла крв. Тогаш при секое отчукување на срцето, крвта пробива со поголема сила низ помал простор, па притисокот расте. Трет начин на појава на висок крвен притисок е зголемување на вкупната течност во крвотокот, на пример, кај болести на бубрезите. Болните бубрези не можат да излачат доволна количина на сол и течности од телото, што го зголемува волуменот на крв во телото, а тоа пак предизвикува пораст на крвниот притисок. Симпатичниот нервен систем, кој е дел од автономниот нервен систем, привремено го покачува крвниот притисок, зголемувајќи ја и силата и брзината на срцевите отчукувања ако на организмот му се заканува некоја опасност, што е одбранбена реакција ан телото.
Како да препознаете хипертензија?
Високиот притисок нема симптоми иако погрешно се верува дека го следат главоболка, вртоглавица, искрење пред очите, а такви симптоми побекогаш чувствуваат и оние кои имаат уреден притисок. Ако лицето не се лекува, а има изразено висок крвен притисок подолго време, може да се јави главоболка, замор, мачнина, повраќање, недостаток на воздух, но тоа веќе се знаци на оштетување на мозокот, очите, срцето и бубрезите.
Единствен објективен начин за утврдување на покачен крвен притисок е мерење на артерискиот притисок со апарат. За поставување дијагноза потребно е крвниот притисок да се мери неколку пати во текот на денот.
Со апаратите на AURON можеш да си водиш дневник на притисокот секој ден, во период од 1-2 месеци, оти секој од нив има меморија од 60 претходни мерења.
Крвниот притисок се мери откако ќе отседиш или лежиш пет минути. Вредноста на притисокот од 140/90 mmHg или повеќе се смета за покачен, но дијагнозата не смее да ја поставиш само на основа на едно мерење.
Доколку почетното мерење покажува високи вредности на крвниот притисок, мерењето треба да се повтори истиот ден, а потоа два пати дневно во наредните два дена за да се утврди дека крвниот притисок е трајно зголемен.
Auron TMB 1112 може да ги нарачате онлајн:
https://alfalab.mk/proizvodi/auron-tmb-1112/
Аурон апаратите може да ги може да ги набавите во аптеките на: Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети, Зегин и сите подобро снабдени аптеки.
Или на телефонскиот број: 02 3218 821
Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот
(Достава до домашна адреса со брза пошта)