Мисловни цитати за мотивација на Карл Јунг

Карл Јунг е познат швајцарски психијатар, кој бил влијателен мислител и бил познат како основач на аналитичката психологија. Иако тој бил теоретски психолог и практикувал како лекар, голем дел од неговото животно дело го поминал во истражување на други области, како Источната и Западната филозофија, алхемијата, астрологијата, социологијата, но и литературата и уметноста. Неговите најпознати идеи го вклучуваат концептот на колективно несвесното и синхронизираното. Карл Јунг е исто така извор на некои од нашите омилени цитати на сите времиња. Му се восхитуваме како го меша логичното размислување со зрнце духовност и потсвест. Ова е листа на омилените цитати од Карл Јунг:

-Секоја форма на зависност е лоша, без разлика дали тоа е алкохол, морфиум или идеализам ;

-Се што не иритира во врска со другите, може да не одведе до подобро разбирање на нас самите ;

-Никој не е без проблеми се додека се движи помеѓу животните струји ;

-Здравиот човек не ги мачи другите, туку маченикот станува измачител ;

-Состанок на две личности е како контакт на две хемиски супстанци – ако има било каква реакција, и двете ќе бидат трансформирани ;

-Чевелот кој е точен на еден, тесен е на другиот човек, значи не постои начин на живот кој одговара на сите ;

-Колку што можеме да воочиме, единствената цел на човечкото постоење е да се поттикне светлината во темнината на самото суштество ;

-Не може да има трансформација од темнина во светлина и од апатија во движење, без емоции ;

-Човек кој не поминал низ пеколот на своите страсти, никогаш не ги надминал ;

-Големите таленти се најчесто сакани и најопасни овошја на дрвото на човештвото. Тие висат на најтенките гранки, кои лесно се кршат ;

-Во целиот хаос тука е космосот, а во нередот тајниот поредок :

-Се зависи од тоа како ги гледаме нештата, а не како всушност изгледаат ;

-Знаејќи ја својата темна страна е најдобриот начин да се соочите со темната страна на другите луѓе ;

-Знаењето не се потпира само на вистината, туку и на грешките ;

-Често пати рацете се тие кои ќе ја решат мистеријата, што умот залудно се трудел да ја реши ;

-Покажи ми разумен човек и јас ќе го излечам за тебе ;

-Скршнувањето од смртта е нешто нездраво и ненормално што го заробува вториот дел од животот за негови цели ;

-Долгот кој го должиме на фантазијата е непроценлив ;

-Нештата со најмало значење вредат повеќе од нештата кои немаат никакво значење ;

-Клацкалката на умот балансира помеѓу смислата и глупоста, а не помеѓу точното и погрешното ;

-Зборот „среќа“ би го изгубил смисолот ако не е урамнотежен со тагата ;

-Нема освестување без болка ;

-Не можеме ништо да измениме ако не го прифатиме тоа. Осудувањето не ослободува, туку угнетува ;

-Кој сфатил во целост дека историјата не е содржана во книгите, туку тече (живее) во нашата крв ;

-Кој погледнува надвор, сонува ; кој гледа внатре, се буди.