Наутро се будиш со вкочанети зглобови, те “бие тапа“ болка и чувствуваш дека местото ти “жари“ и ти е отечено. Утринската вкочанетост може да ти потрае и до еден час од станувањето од кревет. Состојбата ти се влошува со движење и посебно ти е влошена кај зглобовите кои се оптоварени со тежина на телото. Местото ти е чувствително на допир, имаш оток и ти се јавува слабост на мускулот на страна на заболениот зглоб.
Природно е да се запрашаш што ова значи? Што ми се случува?
Овие симптоми се карактеристични за артритис и тоа за сите типови. Се смета дека речиси 20 проценти од популацијата има некаква форма (брои над 100 вида) на артритис кој предизвикува голем товар за заболените.
И покрај бројните истражувања, се уште не се знае точната причина, ниту постои лек, туку само симптоматска терапија и превенција.
Најдоброто решение, кое го нагласуваат и најголемите медицински експерти во оваа област се природните состојки. И тоа искомбинирани во совршен баланс кој делува на сите важни симптоми.
Dr. Viton –MOVENS таблетите се спој на балансиран процент на природни помагачи за безбедно и сигурно ослободување од болка, оток и воспаленија, овозможувајќи непречена и лесна подвижност.
Артритисот е всушност воспаление на зглобовите, отекува на синовијалната обвивка во зглобот, формирање на коскени израстоци и оштетување на зглобната ’рскавица. Најчести форми се остеоартритис и ревматоиден артритис.
АРТРИТИСОТ повеќе е женска болест што се манифестира со онеспособување на функционирањето на еден или повеќе зглобови. Некои форми може да ти ги нападнат и останатите органи во телото, па дури и да ти го загрозат животот. За среќа, овие потенцијално фатални форми се ретки.
Но, секое нетретирање на било која форма на артритис може да доведе до сериозни и не така безазлени компликации.
- Прскање на ’рскавицата
- Воспаление на слузокожата на зглобната течност при што доажа до гихт
- Скратување и грчење на мускулите и тетовите кои може да го деформираат зглобот
- Оштетување на внатрешните органи што најчесто се јавува кај инфламаторната форма на артритис
- Губење на подвижноста на зглобот
- Намалување на мускулната сила
Целиот проблем дополнително ти се влошува ако живееш седечки начин на живот, што поради тоа што самиот си избрал, што поради работата која те присилува на таков режим.
Д-глукозаминот во Dr. Viton –MOVENS во основа е најмногу присутен во сврзното ткиво и во ’рскавицата. Ефикасно ги штити и обезбедува подвижност на зглобовите. Но, иако е природна состојка во телото, веќе во средната возраст телото не го произведува во доволни количини и потребно е да се внесува дополнително. Со антивоспалителното дејство и ефектот против стареење помага да се елиминира болката, отоците и вкочанетоста. Истовремено ја подобрува подвижноста и ги чува зглобовите.
Кога се комбинира со ХОНДРОИТИН СУЛФАТ како во Dr. Viton – MOVENS таблетите станува одлична поддршка во терапијата наменета при почетен стадиум на болеста. Хондроитинот создава зглобна (синовијална) течност која ги храни и подмачкува зглобовите и ги штити од механички оштетувања. И тој е природен состав на ’рскавицата кој ја зголемува подвижноста на зглобовите, ја ублажува и смирува болката и ја намалува потребата за земање нестероидни антивоспалителни лекови.
Кога овие две клучни состојки за здравјето на зглобовите ќе се надополнат со витамин Ц и Д3 како во Dr. Viton – MOVENS таблетите, се добива волшебен природен лек кој експресно го доведува зглобовите во совршена состојба, а ти си подготвен со леснотија да чекориш низ денот.
Направи брза онлајн нарачка на Dr. Viton MOVENS таблети:
https://alfalab.mk/proizvodi/movens/
Dr. Viton MOVENS таблетите можете да ги набавите во аптеките на: Еурофарм, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети, Зегин… во дрогериите на ДМ-дрогерии и Cosmo – Тинекс, во Супер Тинекс маркетите и во сите подобро снабдени аптеки.
Или на телефонскиот број: 02 3218 821
Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот
(Достава до домашна адреса со брза пошта)