Кога телото би било нападнато од вирус, а особено од коронавирисот ЦИНКОТ не дозволува тој вирус да се шири и да ја напаѓа секоја клетка во твоето тело, но цинкот не може сам да се бори против коронавирусот! Овие два витамини се клучни во таа борба, но и превенција…
Многу експерти ја поддржуваат оваа теза!
Витамините Ц и Д3 во комбинација со минералот ЦИНК неодамна се користат при лекување на новиот коронавирус, вели д-р Џозеф Меркола.
Лекување со Витамин Ц:
На критичните пациенти со коронавирус во најголемиот болнички центар во Њујорк им се даваат големи дози на витамин Ц.
Д-р Ендру Вебер, специјалист пулмолог кој работи на одделот за интензивна нега, им дава на своите пациенти 1.500 мг витамин Ц – интравенски.
Потоа, идентични количини од овој моќен антиоксиданс повторно се воведуваат три или четири пати на ден, рече д-р Вебер. Шемата за третман се заснова на експериментален третман на луѓе во Шангај, Кина.
„Пациентите кои примале витамин Ц се чувствувале значително подобро од оние кои не примале витамин Ц“, изјавува д-р Вебер, додавајќи дека нивото на витамин Ц кај пациенти со коронавирус НАГЛО ПАЃА кога нивното тело е зафатено од инфекцијата.
Според Вебер, витамин Ц се користи во комбинација со антималаричен лек хидроксихлорокин и антибиотик, кои исто така покажале добри резултати во третманот на коронавирус.
Според д-р Роналд Ханингеке, светски познат експерт за витамин Ц, кој лично контролирал десетици илјади дози на овој витамин, вели дека медицината многу споро ја разбира важноста на витаминот Ц , тој вели дека го гледаат како обичен витамин, иако е моќен антиоксиданс што може да помогне во неутрализирање на патогените кога се зема во поголеми дози.
Во разговор со д-р Андреј Саул, главен уредник на Информативната служба за ортомолекуларна медицина, на 17 март 2020 година, се споменува разговор со јужнокорејски лекар кој инјектира 100.000 IU витамин Д и 24.000 mg (24 g) интравенски витамин Ц на пациентите и медицинскиот персонал.
Тој вели дека луѓето болни од коронавирус се опоравуваат за неколку дена.
Како што објасни Саул, витаминот Ц во екстремно големи дози делува како антивирусен лек, ефикасно убива вируси. И покрај фактот дека има анти-инфламаторно дејство кое помага да се спречи масивна каскада на цитокини поврзани со тешка инфекција со ковид 19, неговата антивирусна способност веројатно е повеќе поврзана со фактот дека е одлична алатка за отстранување на слободните радикали.
Важноста на витаминот Ц е нагласена за време на пандемијата на САРС
Во 2003 година, за време на пандемијата на САРС, фински истражувач повика на истражување за употреба на витамин Ц, откако научниците покажаа дека тoj го намалува времетраењето и сериозноста на настинките кај луѓето и значително ја намалува подложноста на пневмонија. Во писмото објавено во списанието Антимикробна хемотерапија, д-р Хари Хемилија напиша:
“Неодамна е идентификуван нов коронавирус како причина за акутен респираторен синдром (САРС). Во отсуство на специјален третман, треба да се разгледа можноста витаминот Ц да има неспецифични ефекти врз некои вирусни респираторни инфекции. Постојат бројни извештаи дека витаминот Ц може да влијае на имунолошкиот систем. на пример, функција на фагоцити, трансформација на Т-лимфоцити и производство на интерферон. Конкретно, витаминот Ц ја зголемува отпорноста на културите на трахеална култура на инфекција од коронавирисот”.
Неверојатна е и претпоставката од страна на раководителот на Американскиот центар за контрола и превенција на болестите со витамининот Д.
Витаминот Д е уште една моќна компонента во превенцијата и третманот. Иако се чини дека витаминот Д нема директно влијание врз самиот вирус, тој го зајакнува имунитетот, дозволувајќи му на лицето поефикасно да се бори против вирусот. Исто така, ги потиснува воспалителните процеси што го направи витамин Д значаен во борбата против Ковид 19.
-Моето тврдење дека витаминот Д може да го намали ризикот од инфекција беше јавно потврдено на 24 март 2020 година, кога поранешниот шеф на Центрите за контрола и превенција на болести на САД, д-р Том Фрејден, објави статија за „Fox News“ во која се наведува дека – „ризикот од коронавирусните инфекции можат да се намалат со витамин Д“.
Во него Фрејден пишува:
„Постојат многу наводи за чудесни лекови, но науката ја поддржува можноста, дека витаминот Д може да го зајакне имунитетот, особено кај луѓето со ниско ниво на овој витамин“
Витамин Д го намалува ризикот од респираторна инфекција, го регулира производството на цитокин и може да го ограничи ризикот од други вируси, или во случајов коронавирисот
Респираторната инфекција може да доведе до цитокинси одлиј – маѓепсан циклус во кој нашите воспалени клетки ги оштетуваат органите низ целото тело, што ја зголемува смртноста кај луѓето со КОВИД-19.
Соодветно ниво на витамин Д потенцијално може да обезбеди одредена заштита на ранливите групи и врвна превенција.
Препораки за витамин Ц и Д
Врз основа на достапните научни докази, нема причина да се игнорираат витамините Ц и Д за да се спречи КОВИД-19 и други респираторни инфекции. Доколку не ви помогнат во борбата против коронавирусот, сигурно нема да ви наштетат и сигурно ќе го зајакнат вашиот имунитет и ќе ви помогнат полесно да се изборите против болеста.
ВАЖНО: Големите дози на минералот ЦИНК и витамините Ц и Д3 се даваат исклучиво во строго контролирани услови и во надзор на медицински тим.
Дневната превенција за едно лице да го одржи своето здравје во најдобра форма и да делува на зајакнување на имуниот систем е да зема дневна доза на наведениот минерал и витамини во следнава концентрација: Цинк 10mg, Витамин Д3 10µg и Витамин Ц 500mg.