Дали знаеш дека најновиот бјути хит во светот, маската со кислородни меурчиња конечно е достапна и кај нас? И дека само еден чекор те дели од неверојатно чисто лице? И сето тоа благодарение на тимот на Dr.Viton кој неодамна на пазарот го лансираше својот најнов производ – Dr.Viton Oxygen Bubble Mask!
Dr. Viton Oxygen Bubble Mask е иновативна прочистувачка маска, која при директен контакт со кожата, создава милиони кислородни меурчиња, кои навлегуваат длабоко во кожата, и успеваат да ја извадат целата нечистотија од порите, крајниот резултат е кожа која е поблескава и почиста од билокога порано!
Оваа маска се разликува од другите маски кои досега беа присутни на пазарот, по тоа што користи специјален оксигенациски процес за да ја исчисти кожата. И токму поради активирањето на овој процес при допир со кожата на лицето се создаваат милиони кислородни меурчиња кои наликуваат на облачиња. Постигнатиот ефект е сличен како оној што би го добил после кислороден третман за лице во некој козметички салон, но предноста во овој случај е што целиот процес се одвива во удобноста на твојот дом и по многу пониска цена!
Предност е и што оваа маска се употребува многу лесно, и не е потребно никакво предзнаење!
Оваа маска содржи состојки со врвен квалитет, кои се споени во една совршена комбинација, за чист и здрав изглед на сечија кожа!
Јагленот од бамбус темелно ја чисти кожата и има моќ да навлезе длабоко во порите!
Бентонит глината совршено ќе ги извлече сите токсини и нечистотии!
Екстрактот од калинка делува како силен антиокиданс и истовремено ја обновува кожата!
Екстрактите од портокал и лимон ја враќаат загубената свежината, и имаат моќ и најбезживотната кожа, да ја направат блескава и сјајна!
Есенцијалното масло од Бергамот ги намалува порите на лицето и ја подобрува еластичноста на кожата!
Есенцијалното масло од Еукалиптус има моќ да ја подобри циркулацијата и да ја ревитализира кожата!
Алое Вера има антибактериско, противвоспалително и смирувачко дејство и помага за намалување на бактериите што предизвикуваат акни на твоето лице, и успешно го отстранува црвенилото. Алоето е толку нежно и со благопријатно дејство, што се препорачува и за длабока хидратација и на сувата кожа.
Подари му беспрекорна чистота на твоето лице, нарачај Dr.Viton – Oxygen Bubble Mask уште сега!
Dr.Viton – Oxygen Bubble Mask можеш да ја купиш во аптеките на Еурофарм, Зегин, Виола, Плус Фарма, Галениум, Бети во DM-дрогерии и Cosmo – Tinex и сите подобро снабдени аптеки.
Dr.Viton – Oxygen Bubble Mask можеш да ја нарачаш онлајн на https://alfalab.mk/proizvodi/oxygen-bubble-mask/
Или на телефонскиот број: 02 3218 821 (Секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот )
