Вежби за уморни очи

Долгото време поминато пред телевизор или компјутер ги заморува очите, па затоа практикувајте вежби наменети токму за нив. 

Еве неколку вежби кои претставуваат своевидна очна гимнастика, за очите да ви станат поотпорни и поиздржливи:

Затворете го едното око со дланката, а со другото око приближувајте лист хартија на кој е напишано нешто . Листот приближувајте го додека буквите не станат сосема остри. Потоа погледнете во далечина (најмалку три метри), па повторно во листот. Тоа можете да го правите и додека читате книга или учите – кога и да почувствувате дека очите ви се заморуваат или дека ви се мати сликата.

Замижете и лесно вртете ги очите надесно. Останете така четири секунди, а потоа полека свртете ги очите најниско што можете и вака останете четири секунди. Потоа (цело време очите ви се затворени) свртете ги очите најкрајно лево, држете четири секунди, па највисоко што можете и повторно држете четири секунди.

Затворете ги очите и со врвовите на прстите благо притиснете ги очните капаци. Замислете си дека пред очите ви се наоѓа кружен часовник. Движете ги очите како да го пратите движењето на стрелката прво во правец на нејзиното движење на сатот, а потоа и обратно.

За очите подобро да се влажнат (потребна заштита од смог и прашина), трепкајте брзо неколку секунди, а потоа неколку секунди мижете, па потоа од почеток – брзо трепкање…

Показалецот од едната рака ставете го на 30 сантиметри растојание од очите, пратете го со поглед лесно движејќи ја главата, а тоа брзо погледнете во далечината.

Чувајте ги очите за што подолго да ве служат!