Сладолед торта

Најубавата, највкусната и најлесната торта, сладолед торта . Внесете помалку калории и уживајте во слаткиот вкус на ова кремаво задовоство.

За кора:

  • 6 белки
  • 6 лажици шеќер
  • 6 лажици брашно
  • 3дл млеко

За фил:

  • 6 жолчки
  • 10 лажици шеќер
  • 6дл млеко
  • 250гр маргарин
  • 1 пудинг од ванила
  • 1 пудинг од чоколадо
  • 50гр чоколадо

За декорација:

  • 4дл слатка павлака

Подготовка:

Кора:

1. Белките изматете ги во цврст снег, а потоа додавајте постепено 6 лажици шеќер и матете додека да се стопи шеќерот. Потоа додадете брашно и полека измешајте.

2. Калапот за торта обложете го со хартија за печење и сипете ја во него подготвената смеса за кора. Печете во загреана рерна на 175 С додека да поцрвени.

3. Печената кора додека е се уште топла прелијте ја со ладно млеко и оставете да впие.

Фил:

1. Соединете ги жолчките со 6 лажици шеќер и варете ја мешавината на пареа додека да се згусти. Потоа оставете да се олади, па додадете го маргаринот и изматете со миксер. Добиената смеса поделете ја на два дела.

2. Во помало тенџере сипете 2,5дл млеко, додадете 3 лажици шеќер и гответе додека да зоврие. Посебно изматете 0,5дл млеко со пудингот од ванила, па додадете го во млекото што врие и варете додека да се згусти. Во изладениот пудинг додадете половина од кремот со жолчки и изматете со миксер.

3. Во друго тенџере сипете 2,5дл млеко, додадете 1 лажица шеќер и варете додека да зоврие. Пудингот од чоколадо разматете го со 0,5дл млеко, па сипете го во млекото кое врие и варете додека да се згусти. Во топлиот пудинг додадете искршено чоколадо и мешајте додека да се растопи. Во добиената смеса додадете ја другата половина од филот од жолчки и изматете ги со миксер.

4. Изладената кора премачкајте ја со филот од ванила, потоа нанесете го филот од чоколадо и на крај украсете со шлаг од слатка павлака.