Современата исхрана, брзата и ресторанска храна е далеку помалку хранлива отколку порано. Со преработка на храната се отстрануваат нивните хранливи материи уште пред да стигнат на нашата трпеза. Зависноста од брза храна придонесува до лошо здравје и ниско ниво на енергија. Спирулина е вистинското решение за сето тоа. Не попусто научниците ја нарекуваат супер храна. Спирулина се смета за еден од најстарите организми на планетата, а своето име го добила поради својот специфичен облик. Оваа чудесна алга ја користеле сите древни народи за лекување и зајакнување на организмот. Спирулината е коктел кој ги содржи сите витамини и минерали, содржи повеќе протеини од месото, па поради тоа е идеална за вегетаријанците.
Многу истражувања покажале дека спирулината има големо влијание на човечкото здравје, особено на зајакнување на имунитетот, забрзување на метаболизмот, намалување на холестеролот и стабилизирање на нивото на шеќер во крвта и крвниот притисок. Уште еден синоним на оваа алга, поради сите благодети е и „зелена крв“, бидејќи го чисти организмот, истовремено ја зголемува енергијата, работната мотивација, го подобрува помнењето и ги ублажува стресот, анкциозноста и депресијата. Ги содржи сите есенцијални аминокиселини во идеален сооднос. Во својот богат состав содржи бета каротен, хлорофил, ензими и Б витамини. Меѓу сите придобивки денеска ќе се задржиме повеќе на дигестивниот систем, неправилно варење на храната и цревни проблеми.
Го подобрува варењето на храната и работата на дигестивниот систем, и ја обновува цревната флора
Спирулината е природна алгa (цијанбактерија) која е неверојатно богата со минерали, протеини и есенцијални амино киселини и е еден од најмоќните извори на природно железо, магнезиум, антиоксиданти, Б-витамини, антивируси, и други хранливи материи. Бидејќи спирулината е 60% растителен протеин, таа е лесно сварлива. Содржи 20 пати повеќе протеини од соја и 200 пати повеќе проетеини од говедско месо. Таа е втора во мајчиното млеко како концентрации на природна гама линоленска киселина.
Спирулината е составена од меки ѕидови, тоа ја прави многу лесно сварлива до 95%. Луѓето што користат спирулина може веднаш да забелажат промени во метаболизмот и подобрување при варењето и празнењето на цревата. Ги потиснува лошите бактерии e-coli и Candida, а ги стумулира добрите бактерии како lactobacillus и bifidobacteriа кои се добри за флората . Lactobacillus бактеријата во цревата делува на три начини : подобро варење и абсорбција на храната, штити од инфекции и го подобрува имунолошкиот систем. Спирулина потполно ги прочистува цревата и помага при тврда столица и хемороиди.
Сите нутриционисти и доктори ширум светот ја препорачуваат
Позната е надалеку, не попусто за препорачуваат сите нутриционисти и доктори, го снабдува организмот со сите потребни нутриенти за правилен и развиток. Тоа е мајка природа, совршена храна за сите луѓе на светот! Мајката природа во спирулината споила преку 4000 хранливи состојки од витално значење за човечкиот организам. Тоа се микроалгите. Тие се толку импресивни.