Расонети без кафе

Премногу кафе може да предизвика бројни здравствени проблеми, вклучувајќи и срцеви заболувања, но за многумина кафето е единствен начин да се разбудат. Еве што освен кофеинот, може да ви помогне да останете будни.

Ладна вода – Миењето со ладна вода или чаша ладна вода е еден од најдобрите начини да се разбудите.

Лесни вежби – Кога ви се спие, скокнете неколку пати за да го забрзате протокот на крвта и да добиете дополнителна енергија.

Мастики – Уживајте во вкусот на мастиките без шеќер. Тоа е целата активност која ви е потребна за да се ослободите од заморот. Најдобри се оние со освежителен вкус на пеперминт.

Смеа – Гласното и силно смеење го стимулира вашиот мозок доволно да ве разбуди.

Музика – Слушањето музика со брзи ритмови ќе го разбудите и мозокот.

Светлина – Доколку можете, прошетајте малку по дневна светлина, а доколку не можете да излезете надвор, вклучете светла во просторијата. Кога сте во темнина, ќе бидете поспани.