Штедливите сијалици ризични по здравјето на луѓето?

Многумина од нас, во обид да заштедат енергија и пари, ги заменија старите стандардни сијалици со еколошки, штедливи светилки. Сепак, опасностите од штедливи светилки се алармантни! Тие се толку токсични дека Агенцијата за заштита на животната средина на САД создаде протокол за итни случаи што треба да го следите во случај на оштетување на сијалицата, поради отровниот гас што се ослободува.

Ако се скршат во затворени простории, овие светилки ослободуваат 20 пати поголема максимална прифатлива концентрација на жива во воздухот, според студијата спроведена од истражувачите од Институтот Фраунхофер Вилхелм Клаудиц за германската Федерална агенција за животна средина.

Енергетски штедливите светилки можат да предизвикаат:
Вртоглавица
Главоболки
Мигрени
Напади
Замор
Намалена концентрација
Анксиозност

3 опасности од користење на светилки со заштеда на енергија

Енергетски штедливите светилки содржат жива. Тоа е моќен невротоксин кој е особено опасен за децата и за бремените жени. Тоа е особено токсично за мозокот, нервниот систем, црниот дроб и бубрезите. Исто така може да ги оштети кардиоваскуларните, имуните и репродуктивните системи. Тоа може да доведе до треперење, анксиозност, несоница, губење на меморијата, главоболки, рак и Алцхајмерова болест.

Сијалици за заштеда на енергија се поврзани со појава на рак. Една нова студија изведена од Питер Браун во Берлин во германската Алаб лабораторија откри дека овие светилки содржат три познати канцерогени супстанци:
Фенол – благо кисела токсична бела кристална цврста маса, добиена од катран од јаглен и употребена во хемиско производство.
Нафтален – бело кристално соединение, произведено со дестилација на катран од јаглен, се користи како суровина за производство на хемикалии.
Стирен – незаситен течен јаглеводород, добиен како нафтен нус-производ.

Штедливите сијалици испуштаат штетни УВ зраци
Енергетските штедливи светилки испуштаат UV-B и траги од UV-C зрачење. Општо е познато дека УВ-зрачењето е штетно за кожата (која е поврзана со рак) и очите. Зрачењето од овие светилки директно го напаѓа имунолошкиот систем и, исто така, ги оштетува ткивата на кожата со што спречува правилно формирање на витамин Д-3.

Значи, и покрај заштедата на енергија и заштеда, овие светилки предизвикуваат сериозни здравствени ризици.

Во случај да ви се скрши штедливата сијалица, опасностите се толку сериозни што Агенцијата за заштита на животната средина изложи многу детален протокол за справување со хемикалиите поврзани со живата и ракот, кои можете да ги прочитате подолу:

Пред да исчистите:
Сите луѓе и домашни миленици да ја напуштат просторијата 10-15 минути, оставете го отворен прозорецот;
Исклучете го централниот систем за греење / климатизација со принуден воздух, ако имате;
Цврста хартија или картон;
Леплива лента;
Влажни хартиени крпи или марамчиња за еднократна употреба (за тврди површини);
Стаклена тегла со метален капак или пластична кеса што може да се затвори;

За време на чистењето
Вакумирање не се препорачува. Бидете темелни при собирањето скршено стакло и видлив прав;
Извадете ги стаклените фрагменти и прав користејќи тврда хартија или картон. Користете леплива лента, за да ги соберете останатите мали стаклени фрагменти и прав;

По чистењето
Веднаш ставете ги сите остатоци од сијалицата и материјали за расчистувања во некое затворено и заштитено место се додека не ги отстраните од домот. Избегнувајте да оставате делчиња од лушпи или материјали за чистење во затворена просторија.

Би заклучила со фактот дека најдобро е да ги замените штедливите сијалици пред да дојде до опасна несреќа.