Во влезното сандаче има 364 нови пораки, новите панталони се покриени со флеки од кафе, а следниот конференциски повик започнува за точно пет минути. Со други зборови, тоа е совршено време за одмор. Кога се чувствуваме изнемоштени, викенд на плажа е совршен избор за смирување на нервите. Но не секогаш имаме време за јадење, спиење, туширање, а па камо ли за сончање. За среќа, ние имаме 40 начини за намалување на стресот за помалку од 5 минути. Почнувајќи со опуштање со чај, па се до смирено дишење, сите овие тактики можат да помогнат за смирување во некои кризни моменти.
- Пијте зелен чај
Наместо бес, препорачуваме чаша хербален чај.. Зелениот чај е извор на L-Theanine, хемикалија која помага да се ослободи гневот. Зовријте вода, потурете во чашата и опуштете се.
- Чоколадо
Само една коцка од ова слатко задоволство може да ги смири вашите нерви. Темното чоколадо ги регулира нивоата на стрес хормонот кортизоланд кој го стабилизира метаболизмот.
- Лажичка мед
Заменете го стресот со лажица мед. Медот е одличен во борба против депресија и анксиозност, неговите соединенија го намалуваат воспалението на мозокот.
- Залче манго
Земете 5 минути пауза и каснете манго, овошје што помага за намалување на стресот.. Не грижи се што капе по брадата, олеснувањето од стресот е вредно за секаков хаос.
- Гуми за џвакање
Лути или со овошен вкус, мастиките се изненадувачки брз и лесен начин да се победи стресот. Само неколку минути по џвакањето анксиозноста и стресот се намалуваат.
- Крцкава закуска
Понекогаш не постои ништо поубаво од релаксирање со крцкави и солени закуски. Таа крцкава закуска не мора секогаш да биде чипс или слично, тоа може да биде и стапчиња целер, не мислиш така?
- Медитирајте
Нема потреба да се оди на планина за да се постигне внатрешен мир – пет минути од мирот е се што е потребно за да ги искористиме придобивките од медитацијата. Два пати по 5 минути тивка медитација можат да го ублажат стреот и депресијата. Најдете удобно место, тивко, сконцентрирајте се на дишењето и ќе забележите како стресот исчезнува.
- Поставете ја главата на перница
Има денови кога сè што навистина ни е потребно е убава, долга дремка. Но, не е секогаш можно да се спие во канцеларија. Ако имате перница, само потпрете ја главата и ќе почувствувате релаксација. Обидете се со оваа техника за визуелизација: Поставете ја вашата глава и замислете дека перницата е сунѓер кој ги цица сите ваши грижи.
- Не заборавајте да дишете
Дали има некој поедноставен начин да се опуштите? Бавно, длабоко дишење помага да се намали крвниот притисок и срцевиот ритам. За оние што се пофенси, може да пробаат пранајама дишење, метод во јогата кој вклучува дишење низ една ноздра во исто време за да се ослободи анксиозноста. Техниката треба да функционира на ист начин како и акупунктурата, балансирајќи го умот и телото.
- Пробајте прогресивна релаксација
Загрижени? Само притиснете, ослободете и повторете. Прогресивната релаксација вклучува тензија на мускулите во еден дел од телото во исто време за да се постигне состојба на смиреност. Методот (кој исто така го користат актерите) е одличен начин да се заспие.