Искористете ја сезоната на домати за да подготвите вкусна и свежа италијанска закуска. Овој брз и лесен рецепт ќе му се допадне на целото семејство, а одличен е и за ненајавени гости – ем вкусно, ем убаво за око.
Потребно е:
6 шери домати
100 гр излупени домати
3 чешни лук
Малку оцет Балсамико
Малку свеж босилек
Маслиново масло
Сол
Мелен црн бибер
1 француски багет
250 гр моцарела сирење
Подготовка:
Исечкајте ги шери доматите и лукот. Потоа измешајте ги во еден голем сад заедно со излупените домати, маслиновото масло, сол, бибер, оцет и босилек. Оставете ја смесата да отстои десетина минути.
Исечете го багетот на парчиња со дебелина од 2 см. Наредете ги во тавче и стоплете ги во рерна додека да поцрвенат. Потоа, рамномерно распределете ја смесата со домати на секое парче и посипете со нарендана моцарела. Тавата вратете ја во рерна и пoчекајте уште 5 минути, додека да се стопи моцарелата.